Анти-награди на 2023

December 27, 2023
2 mins read

Награда за најдобар перформанс на Германец кој се преправа дека е претседател на Европа
Победник: Урсула фон дер Лејен.

„Секогаш кога ќе се обиде не само да покажува моќ, туку вистински да ја користи, претседателката на Европската комисија налетува на ѕид.“

Како пример за ова е обидот да крене израелско знаме пред канцелариите на ЕУ кога половина ЕУ и се качи на грб. Или инсистирањето на медиумите да ги добијат пораките што таа ги разменила со ЦЕО-то на Фајзер по што ЕУ доби милиони вакцини кои спасија неброени животи.

Награда за најдобар Русин што глуми Русин
Победник: Владимир Путин

„Никој не знае да ја игра Европа како Владимир Путин.

Таман ќе помислиш дека си го спречил да ја собори влезната врата (Германија) тој ќе ти влезе преку задниот влез (Бугарија). Секако санкциите се голем проблем, но со малку помош од европските пријатели, економијата и понатаму напредува – по зборовите на Путин со раст од 3% во 2023.

Војната во Украина беше катастрофа за рускиот претседател, а и покрај тоа се повеќе европски лидери, ако може да и се верува на Џорџа Мелони, бараат начин како да се излезе од неа. Со мрежа од бизниси и политички сојузници од Бугарија до Унгарија до Австрија и пошироко, Путин знае дека времето е на негова страна.“

Награда за шпионирање „Животот на другите“
Победник: Киријакос Мицотакис

Малкумина лидери би можеле да преживеат откритие дека тајните служби на нивната влада се обиделе да шпионираат опозиционери и новинари, „но грчкиот премиер не е кој било политичар“.

„Потомок на критска политичка династија, харвардски образуван, лидерот на грчката конзервативна Нова демократија, не само што успеа да го замолчи скандалот, туку притоа доби и реизбор тврдејќи дека е невин.

Предатор софтверот што се користи во аферата, му го дава на напаѓачот на послужавник целиот телефон на жртвата. Како точно софтверот заврши на речиси 100 уреди во Грција, од кои најголемиот дел им припаѓаа на високи владини функционери, бизнисмени и новинари, останува мистерија која можеби никогаш нема да биде решена.“

Борат награда за дипломатија
Победник: Жозеп Борел

„Ако има нешто на што Европејците можат да сметаат од Жозеп Борел е дека нема да пропушти шанса да се посрами пред народ.“

Таков случај беше со неговата пофалба за „мирните“ избори во Еквадор во кои еден од кандидатите беше убиен сред бел ден или ветувањето дека ќе испрати воени авиони во Киев по почетокот на руската офанзива.

За Политико посебно воочливи се неговите обиди да го укорува Израел, наместо да му даде поддршка за напорите да ги искорени терористите.
 

Грета Тунберг „Како се осмелувате!“ награда
Победник: Грета Тунберг

Четири години по легендарното „како се осмелувате“, Тунберг е полнолетна 20-годишна девојка која влезе во светот на возрасните.

„И таа и понатаму е на воена нога, но овој пат во друг правец. По она што беше најварварскиот напад врз Евреи по Холокаусот, најпознатиот џаболебар на светот го сврте својот нишан кон Израел. Не само што е редовна на анти-израелските протести низ Европа, туку Тунберг исто така го подржува мислењето дека реакцијата на израелската војска на убивањето на своите граѓани е еднакво на ‘геноцид’. Анти-израелската насока на лутата Швеѓанка оддалечи голем број нејзини некогашни поддржувачи, ставајќи ја во прашање иднината на нејзиното климатско движење.“

Најдобар хобит во улога на фашист
Победник:
Џорџа Мелони

Поврзувајќи ја нејзината самопризнаена фасцинираност со „Господар на прстените“ со десничарската наклонетост и идеи што ги имаше пред доаѓањето на власт, Политико пишува дека „фашистичките фантазии на Мелони излезе дека не се ништо посериозни од нејзината детска желба да се бори против Саурон“.

Па така по доаѓањето на премиерска позиција Мелони речиси за два пати го зголемува бројот на баратели на азил кои влегуваат во Италија, а нејзината борба против миграцијата е во рамките на мерките кои се разговараат и низ остатокот на Европа.

Во меѓувреме таа не ја извади Италија ниту од ЕУ, ниту од НАТО, па дури и продолжи да и дава поддршка на Украина, а за цело тоа време нејзината Фратели д’Италија ја задржа предноста на анкетите.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поповиќ: 2023 за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на Фестивалот

Следно

Ердоган: Нема разлика меѓу постапките на Хитлер и израелскиот премиер Нетанјаху

Latest from Blog

Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Државата Израел

Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   — Оваа активност која денес ја спроведуваме

„Италија нема да праќа војници во Украина“

АТИНА (АА) – Италија денес соопшти дека нема да праќа свои војници да се борат во Украина поради извештаите за англо-француските планови за распоредување војници во земјата, објавија италијанските медиуми, јавува Анадолу.
Go toTop