ЕК: Приговорите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив

December 27, 2023
1 min read

Претходно, ЕУ се огласи преку заедничка изјава на шефот на дипломатијата и потпретседател на ЕУ, Жозеп Борел, и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, во која со загриженост заклучуваат дека изборниот процес во Србија бара опипливи подобрувања и дополнителни реформи, бидејќи правилното функционирање на демократските институции се во сржта на пристапувањето на Србија во Европската Унија

Европската Унија повикува на мир и дијалог, соопшти Европската комисија на барање на Н1 телевизија да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември.

„Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото“,

изјавиле од Европската комисија на прашањето на Н1 како ги коментираат изборните нерегуларности во Србија, нападите врз меѓународните набљудувачи на изборите, протестот против изборната кражба, насилството на протестот, полициската бруталност, штрајкот со глад на Мариника Тепиќ и соработката на Србија со руските безбедносни служби.

Како што додаваат од ЕК, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“.

Претходно, ЕУ се огласи преку заедничка изјава на шефот на дипломатијата и потпретседател на ЕУ, Жозеп Борел, и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, во која со загриженост заклучуваат дека изборниот процес во Србија бара опипливи подобрувања и дополнителни реформи, бидејќи правилното функционирање на демократските институции се во сржта на пристапувањето на Србија во Европската Унија.

Како што изјавија тогаш, Европската комисија го очекува конечниот извештај на ОДХИР и препораките за идните избори, предупредувајќи дека тие треба да се спроведат што е можно побрзо и пред следните избори.

Синоќа во Србија се одржа деветтиот протест на опозицијата против изборните нерегуларности. „Ослободете ги сите“ – беше главната порака која стотици граѓани, на покана на опозициската коалиција „Србија против насилството“, ја испратија од пред зградата на Градското собрание во Белград, барајќи ослободување од уапсените демонстранти по инцидентите на протестите во неделата.

За инцидентите на протестот од викендот, „Србија против насилството“ ја обвини власта велејќи дека испратила свои хулигани, а оти ги искористила немирите за да се справи со мирните демонстранти кои на протестот барале повторување на изборите одржани на 17 декември.

Секојдневните протести на српската опозиција започнаа откако матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, СНС, прогласи целосна победа на изборите, за кои опозицијата тврди оти се украдени од власта.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсење во скопски Аеродром вчера попладне

Следно

Израел бомбардираше училиште на ОН во бегалскиот камп Ал Магази во Газа

Latest from Blog

Николоски: Преображение Господово нека ни донесе сила и надеж за подобри денови

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по повод празникот Преображение Господово присуствуваше на светата литургија во новиот Божји храм во Гостивар. Со светата литургија чиноначалствуваа владиката г. Јосиф и

Божиновска: Македонија се позиционира како енергетски центар на Балканот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во нова колумна ја претстави стратешката визија за енергетската трансформација на Македонија, нагласувајќи дека инфраструктурата што се гради денес ќе ја одреди енергетската

ВЛЕН: „Артан е црната кутија на ДУИ, сите стравуваат што може да каже“

Од коалицијата ВЛЕН обвинуваат дека во Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно се одвиваат внатрепартиски пресметки, во кои, според нив, се вмешани Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи. Во реакцијата на

Микел Артета: Сакаме да го направиме Арсенал најдобар клуб во светот

Фото: Арсенал Х Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговата амбиција е да продолжи да ја гради титулата во Премиер-лигата, ветувајќи дека ќе ги претвори „топчиите“ во „најдобриот клуб во светот“.

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и
Go toTop