Израелски војник избоде повреден Палестинец во амбулантно возило на Западниот Брег

December 27, 2023
1 min read

ТУЛКАРЕМ (АА) – Палестински лекар денес изјави дека израелски војник нападнал и избодел повреден Палестинец во градот Тулкарем на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

За Анадолу, Радван Блаибла, челникот на Медицинскиот синдикат на Тулкарем, рече дека израелската Армија запрела возила на брзата помош кои ги префрлале повредените Палестинци од бегалскиот камп Нур Шамс во северниот дел на Западниот Брег.

„Еден повреден беше избоден во вратот од (израелски) војник додека беше во брзата помош, при што му беа нанесени рани опасни по неговиот живот“, рече лекарот.

Тој додаде дека повредениот Палестинец се здобил со рани од израелски воздушен напад врз бегалскиот камп, а бодењето ја влошило неговата здравствена состојба.

„Другите двајца (повредени) беа насилно извадени од брзата помош и беа удирани со клоци и со кундакот од пушките по нивните повреди“, рече Блаибла.

Тој го опиша инцидентот како „флагрантно кршење на хуманитарното право“, повикувајќи ги меѓународните групи да го сметаат Израел за одговорен за таквиот чин.

Шест Палестинци, од кои тројца тинејџери, загинаа, а неколкумина се повредени во напад на израелски дрон утрово во бегалскиот камп Нур Шамс, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската Армија изврши рација во бегалскиот камп Нур Шамс рано утрово и распореди снајперисти на покривите на зградите, предизвикувајќи судири со жителите на кампот, изјавија очевидци за Анадолу.

Тензиите се високи низ Западниот Брег откако на 7 октомври избија борби меѓу палестинските групи на отпорот и Израел во Газа.

Според палестинското Министерство за здравство, 311 Палестинци се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.300 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РСБСП: Загинати 114 лица во 106 сообраќајки во периодот јануари-ноември годинава

Следно

Бекатонот ви е побитен од водата за пиење, обвинуваат од „Спас за Маврово“

Latest from Blog

Македонија со пад од две места на новото рангирање на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции, па на најновото рангирање на ФИФА е на 71-вото место. Нашите фудбалери забележаа четири порази во Лигата на нации во септемвриско-октомврискиот прозорец и

Димитриеска – Кочоска: Една година по СЕПА, граѓаните и компаниите имаат полесни плаќања во евра

Една година по приклучувањето на Македонија кон СЕПА, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа посочува дека приклучувањето кон Единствената европска

Божиновска: Македонија ги отвора вратите за нови енергетски партнерства со Австрија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска престојува во Виена, каде што на покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен

Меџити: Честитки до Јустина Широка Пула, Косово има потреба од стабилност и единство

Изет Меџити го поздрави изборот на академичката Јустина Широка Пула за нова претседателка на Косово, оценувајќи дека нејзиниот избор претставува признание за нејзиниот интелектуален и академски придонес. „Новата претседателка на Косово, академичката
Go toTop