Според Абас, се случува тешко злосторство против Палестинците – за 24 часа има повеќе од 240 загинати, се погребуваат во масовни гробници

December 27, 2023
2 mins read

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја нарече војната тешко злосторство против неговиот народ. Говорејќи во Рамала за египетски ТВ-канал во неговото прво интервју од почетокот на војната, рече дека територијата станала непрепознатлива и предупреди дека окупираниот Западен Брег може да експлодира во секое време

Израелската армија со несмалена жестокост продолжува со нападите во Појасот Газа, а Министерството за здравство на Хамас соопшти дека во последните 24 часа загинале повеќе од 240 луѓе, а најмалку 382 се ранети, пренесува Би-би-си.

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Додека палестинските цивили се погребуваат во масовни гробници, Израел вели дека војната може да трае со месеци засилувајќи ја својата офанзива во централниот дел на Појасот Газа.

Претставничката на Обединетите нации (ОН), Џема Конел, ги нарече сцените што ги видела во болницата „Ал Акса“ во центарот на Газа целосен масакр.

Има многу жртви со екстремно тешки рани, кои не можат да се лекуваат бидејќи има толку многу луѓе пред нив на ред за операција и болницата е апсолутно преоптоварена,

рече Конел од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Палестинските власти ги повикуваат ОН да прогласат целосен глад во целиот Појас Газа.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја нарече војната тешко злосторство против неговиот народ.

Говорејќи во Рамала за египетски ТВ канал во неговото прво интервју од почетокот на војната, тој рече дека територијата станала непрепознатлива и предупреди дека окупираниот Западен Брег може да експлодира во секое време.

Палестинскиот лидер го обвини Вашингтон дека ја продолжува војната ставајќи вето на нацрт-резолуциите на ОН кои повикуваат на прекин на огнот.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека речиси 21 000 Палестинци се убиени во израелските напади од почетокот на конфликтот, додека повеќе од 54 000 жители се ранети.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена повтори дека израелската армија ќе продолжи со полна сила до крај додека не се постигнат сите израелски цели, а тоа се уништување на палестинските екстремистички групи и ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас за време на нападот на 7 октомври врз јужен Израел., што беше причина израелските сили да започнат со одмазда во Појасот Газа.

Израелските и арапските медиуми веќе неколку дена повторуваат дека Египет предложил план за прекин на огнот.

Според извештаите, планот ќе предвидува постепено ослободување на сите израелски заложници и неодреден број палестински затвореници кои се држат во израелските затвори, што ќе заврши со прекин на израелската офанзива.

При претходниот договор за привремено примирје што го преговараше Катар десетици заложници беа ослободени од Газа во замена за палестински затвореници.

Досега и Израел и Хамас се спротивставија на повиците за траен прекин на огнот.

Војната започна на 7 октомври откако Хамас го предводеше бранот смртоносни напади врз заедниците во Израел. Загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили. Околу 240 луѓе беа вратени во Газа како заложници, а голем број од нив подоцна беа ослободени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од први јануари поскапа струја заради СДС и ДУИ, власта лажеше дека нема да ја зголеми цената“

Следно

Стапуваат во сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Скопје

Latest from Blog

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор

Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново. Тоневски информираше дека

Денеска на Мундијалот: Страшната Франција подготвена за ново шоу а Парагвај нека му ја мисли

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Синоќа заврши 1/16 финалето на СП, а од вечерва стартува 1/8 финалето. Се разбира дека ова е тоа вистинското, „забавата“, онаа вистинска, сега почнува. Вечерва на програтама се два меча, Канада
Go toTop