Трамп: Бајден нека скапува во пеколот, среќен Божиќ!

December 26, 2023
2 mins read

Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден и специјалниот обвинител Џек Смит давајќи многубројни и лажни тврдења дека неговите обиди да остане на власт по поразот на изборите во 2020 година претставувале витална одбрана на американската демократија и поради тоа биле совршено легални

Поголемиот дел од светските политички, духовни и национални лидери го слават Божиќ со повици за мир или со нагласување на доблестите на семејството и заедницата, но тоа не е стилот на Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

Поранешниот претседател, на Бадник и Божиќ, на неговата социјална мрежа истури гнев и горчина најмногу поради неговите правни проблеми, покажувајќи со тоа како личните опсесии ќе им ги пренесе на нацијата во клучната изборна година во 2024 година.

Бесен на Бајден и специјалниот обвинител

Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден и специјалниот обвинител Џек Смит давајќи многубројни и лажни тврдења дека неговите обиди да остане на власт по поразот на изборите во 2020 година претставувале витална одбрана на американската демократија и поради тоа биле совршено легални.

Во навредливите објави пишувани со големи букви, Трамп ја засили својата екстремна реторика за имиграцијата, која веќе предизвика споредби со нацистичката реторика, и го повтори својот став за неограничената претседателска моќ, поради која критичарите се плашат од автократија доколку победи на следните избори.

Само три недели пред да почне гласањето во трката за републиканска претседателска номинација, Трамп е фаворит. Неговите објави покажуваат дека неговите лажни тврдења за изборни измами пред три години сè уште се столбот на неговиот политички проект.

А неговите тиради, во време кога Американците кои го слават Божиќ се собираат со најблиските и бараат момент на мир, навестуваат бесна состојба на умот и целосно негирање, пишува Си-ен-ен, додавајќи дека најверојатно тоа ќе предизвика нова загриженост за неговиот темперамент и способност повторно да послужи како врховен командант и се мрачен предзнак за тоа што може да донесе уште еден мандат на Трамп.

Трамп на Бадник: Ме прогонуваат насилните изроди на Џо Бајден

Трамп, вечерта на Бадник, со големи букви објави:

„Тие ја шпионираа мојата кампања, го лажеа Конгресот, го изиграа законот на ФИСА, ги фалсификуваа претседателските избори, им дозволија на милиони луѓе, многумина од затвори и ментални институции, да ја преплават нашата земја, заглавија во Авганистан, а насилниците и изродите на Џо Бајден, како пореметениот Џек Смит, ме прогонуваат на невиден начин. Тоа се вика мешање во избори. Среќен Божиќ!“

„Нека скапуваат во пеколот, Среќен Божиќ!

Неговото расположение не беше поинакво на Божиќ, кога го обвини Бајден дека го организирал мешањето во изборите, мислејќи на 91-то кривично дело и четирите судења кои го чекаат поранешниот американски претседател.

Во една од своите најбизарни и најбезобразни објави, тој им го честита Божиќ на „светските лидери, и добри и лоши“, нагласувајќи:

„Никој од нив не е толку злобен и болен како насилниците што ги имаме во нашата земја“.

Во најновиот напад врз Бајден и Смит, Трамп со големи букви напиша:

„Нека скапуваат во пеколот. Среќен Божиќ уште еднаш“.

Милиони Американци веројатно ќе гласаат за Трамп

Милиони Американци веројатно ќе гласаат за Трамп на претседателските прелиминарни избори, покажувајќи на тој начин дека не се вознемирени од неговото однесување или неговиот растечки екстремизам, додава Си-ен-ен.

Десетици милиони повеќе веројатно ќе го поддржат ако тој е републикански кандидат бидејќи се обидува да направи неверојатен политички камбек и да стане вториот поранешен претседател кој освоил втор мандат без последователни победи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Замената на личните документи ќе се заврши на најдобар можен начин

Следно

Финансиската полиција втор ден го тресе Град Скопје додека Арсовска игра шах со Дедо Мраз

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop