Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора

January 26, 2023
1 min read

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

„Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ.

Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“.

„Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон.

Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните.

„Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка.

На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора.

„Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа.

Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора.

„Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: Тенковите од западните сојузници мора да бидат испорачани што побрзо 

Следно

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, застои нема

Latest from Blog

Со „анархија, презир, безумие и гнев“ беа оценети политиките на министерот за култура на денешниот протест на Синдикатот

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување

Додека Владата чека објава на цените на интернет, трошоците за храна растат

Во услови на растечка инфлација и сè поголем притисок на домашниот буџет, најновото зголемување на синдикалната минимална кошничка за април 2025 година за 836 денари на 62.691 денар укажува на сериозни предизвици

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се

Разнобојниот жив свет во аквариумите вистинска визуелна „гозба“ за посетителите

СКОПЈЕ (АА) – Разнобојниот жив свет во аквариумите отсекогаш го привлекувал вниманието на посетителите поради можноста да се „нурнат“ во богатиот екосистем на длабоките мориња и океани. Фоторепортерот на Агенција Анадолу го
Go toTop