Финалето на Суперкупот нема да се одржи во Русија, новиот домаќин е Грција

January 25, 2023
1 min read

Атина на место на рускиот град Казањ ќе биде домаќин на Суперкупот за оваа сезона, одлучи денеска УЕФА на состанокот на Извршниот одбор на Нион на кој воведе и измени во системот на натпреварување во Лигата на нации и во квалификациите за пласман на европските и светските првенства почнувајќи од следниот циклус.

Од следното издание на Лигата на нации во сезоната 2024/25 се воведува четвртфинале за пласман на финалниот турнир, како и плејоф натпревари за промоција и испаѓање во дивизиите А, Б и Ц кои ќе се играат во март на домашен и гостински терен.

Измени се воведени и во форматот на квалификации при што по завршувањето на ЕУРО 2024 за пласман на Мундијалот 2026 ќе се формираат 12 групи со по четири и пет репрезентации.

Финалето на годинешното издание на Суперкупот ќе се одржи на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Атина на 16 август.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Излевање на реката Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка

Следно

Извозот на американско оружје е зголемен за 49 отсто во фискалната 2022 година

Latest from Blog

Меџити со честитка за Курбан Бајрам: Најголемата сила е во добрината

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на

Коњановски испрати порака за единство и хуманост по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека

Десетици луѓе се убиени во израелски напади низ јужен и источен Либан

Најмалку 21 лице загина во последните напади, вклучувајќи неколку деца, соопшти либанско министерство за здравство.Израелската војска информираше  дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни објекти , а убиени се и борци на Хезболах
Go toTop