Израелските медиуми тврдат дека на 7 октомври израелски тенк отворил оган врз израелските заложници

December 20, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) – Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека за време на нападот на Хамас врз израелските населени места на 7 октомври, израелски тенк отворил оган врз куќа во која се наоѓале израелски заробеници во еврејската населба Беери, пренесува Анадолу.

„Часови откако почнаа нападите на 7 октомври, израелски тенк истрела гранати врз куќата на Паси Коен во Беера, каде со заложниците се криеја и припадниците на Хамас“, наведува израелскиот весник.

Истакнува дека ова е заклучено врз основа на снимката од полициски хеликоптер кој бил повикан во тоа подрачје за време на нападот на Хамас.

Јасмин Порат, која побегнала од фестивалот и се сокрила во една куќа, рече дека кога отишла до еден од војниците и прашала дали куршумите би можело да ги погодат заложниците, го добила одговорот: „Ова го правиме само за да ги урнеме ѕидовите на куќата.“

Хадас Даган, која со сопругот се криела пред куќата во која биле заробени нејзините соседи, исто така изјавува дека била повредена од парче шрапнел кога била гаѓана куќата на нивниот сосед.

Се наведува и дека војниците во населбата забележале дека од хеликоптерот е отворен оган како предупредување, а потоа дошол тенк и отворил оган врз куќата.

Откриено е дека многу војници се собрале на влезот од населбата и не влегле на тоа подрачје иако поминало доста време од почетокот на нападот на Хамас.

„Надвор стоеја 500 војници и никој не обрнуваше внимание на целата ситуација. Луѓето губеа крв секоја минута, а војската што стоеше надвор изгледа не сфаќаше што се случува“, рече Јаир Авитал од резервната единица што се наоѓала во населбата.

Израелската војска и израелската полиција до денес немаат признаено дека Израелците се убиени како резултат на огнот што го отвориле нивните сили на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава 

Следно

Викторија Трајков до Бујар Османи: Нема да ме заплашите и замолчите да ги изнесувам злоупотребите

Latest from Blog

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во

Дајмон: Европските лидери се економски „лузери“

Извршниот директор на Џеј-пи морган, Џејми Дајмон, во Даблин даде отворена и директна процена за насоките на движење на Брисел, со посебен осврт за економската насока на Европа, предупредувајќи дека „Стариот Континент

Мицкоски: Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока

Во пресрет на локалните избори, преговорите со политичките партии се во тек, очекувам коалицијата да биде потврдена, разговараме и со коалициските партнери, изјави премиерот Мицкоски. Извор: 24vesti.mk

Челзи заработи огромна сума од СКП, но и утешната награда за ПСЖ не е лоша

Фудбалерите на Челзи стекнаа огромна финансиска добивка со освојувањето на Светското клупско првенство. Англискиот гигант во финалето го декласира Пари Сен Жермен со 3-0 и го освои вториот трофеј во 2025 година,
Go toTop