Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава 

December 20, 2023
1 min read

Одлуката се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март, но нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември

Името на поранешниот претседател Доналд Трамп не може да се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Колорадо на претседателските избори следната година, одлучи највисокиот суд на државата. Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Одлуката се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март, но нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември.

Мнозинството од четири од седум судии, при носењето на одлуката се повикаа на ретко користената одредба од американскиот Устав со која се забранува службени лица кои учествувале во „бунт“ да извршуваат функции.

„Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција претседател според делот три од 14-тиот амандман на Уставот на САД. Делот забранува функција за секој што се заколнал дека ќе го поддржува Уставот, а потоа ‘се вклучил во бунт против него’, и бил користен само неколку пати веднаш по Граѓанската војна. Затоа што Трамп е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче“,

се вели во одлуката. 

Трамп вети дека ќе ја обжали пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо најави дека ќе го одложи дејството на својата одлука најмалку до 4 јануари 2024 година, за да дозволи жалба. Доколку случајот биде однесен пред Врховниот суд на САД, паузата ќе остане во сила додека тој случај не се реши.

„Имаме целосна доверба дека американскиот Врховен суд брзо ќе донесе одлука во наша корист и конечно ќе стави крај на овие неамерикански тужби“,

рече Стивен Чеунг, портпарол на кампањата на Трамп.

Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024 година, пишува „Вашингтон пост“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

11 лица вчера низ Скопје возеле без возачка дозвола

Следно

Израелските медиуми тврдат дека на 7 октомври израелски тенк отворил оган врз израелските заложници

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop