Германската влада ја потврди испораката на 14 „Леопарди“ на Украина

January 25, 2023
1 min read

Германската влада денеска официјално ја потврди испораката на 14 тенкови „Леопард“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји, соопштено е во Берлин.

„Германија ќе испорача 14 тенкови ‘Леопард 2’ на Украина и во исто време ќе дозволи испорака на ‘Леопарди’ од други земји во Украина“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Тој рече дека оваа одлука ја соопштил канцеларот Олаф Шолц на седницата на Владата.

„Оваа одлука ја следи нашата линија на поддршка за Украина и ние продолжуваме да дејствуваме во тесна меѓународна соработка“, наведува Шолц во соопштението.

Се очекува Олаф Шолц попладнето на седницата на Бундестагот и официјално да ја потврди одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ и издавање дозволи за други земји за испорака во Украина.

Германските политичари со големо мнозинство ја поздравија одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина, а критиките доаѓаат од екстремната левица и десница.

„Предолго ја чекавме одлуката, таа беше донесена макотрпно, но на крај таа е неизбежна“, рече претседателката на Комисијата за одбрана на Бундестагот Мари-Агнес Штрак-Цимерман.

Таа додаде дека веста за испорака на тенкови од типот „Леопард“ е „спасувачка вест за храбриот народ на Украина“.

Потпретседателката на Бундестагот и лидер на владејачката партија Зелени, Катрин Геринг-Екард преку Твитер порача: „Леопардот е слободен“.

Од опозициските партии, само најголемата опозициска претставничка група во Бундестагот, Унијата ЦДУ/ЦСУ, ја поздрави одлуката за испорака на „Леопарди“ во Украина.

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц истовремено го критикуваше доцнењето на оваа одлука на канцеларот Шолц.

„Бидејќи толку долго чекаше да се донесе одлуката, канцеларот Шолц остава впечаток на некој кој бил принуден на оваа одлука“, рече Мерц.

Членовите на опозициските партии Левица и Алтернатива за Германија (АфД) ја критикуваа одлуката за испорака како „опасна и неодговорна“.

„Германија се изложува на опасност директно да биде вовлечена во војната“, рече претседателот на пратеничката група на АфД, Тино Чрупала.

На опасноста од ваквата одлука укажа и претседателот на Левица, Дитмар Барч.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каков е тенкот „леопард 2“, колку е моќен и зошто е толку посакуван

Следно

Сали: Министерството не е мое за да го отстапам, сигурно ќе го наследи некој по мене

Latest from Blog

Италија во офанзива: Гвардиола во преговори да ги преземе „Азурите“

ФОТО: Manchester City/FB Пеп Гвардиола е во официјални преговори со италијанската фудбалска федерација за преземање на селекторската функција. Гвардиола повеќе не е дел од Манчестер Сити, каде што беше со години, а

Трамп: Од сега за ирански напад на секој брод, уништуваме по еден мост или електрана

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе уништи ирански мост или електрана секој пат кога иранските сили ќе нападнат брод во Ормутскиот теснец, додека се обидува да ја зацврсти контролата на

Шасивари на средба со Рокас: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за

Министерството за енергетика ги реализира планираните чекори од Реформската агенда 2024–2027

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно ја спроведува Реформската агенда 2024–2027 во областа на енергетската транзиција, истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како

Берзански извештај: Индексот МБИ10 во благ пад, промет од 7,4 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.423,43 поени. Во
Go toTop