Мелони: Западен Балкан не смее долго да остане надвор од ЕУ

January 24, 2023
1 min read

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Европската Унија треба да и даде приоритет на интеграцијата на Западен Балкан и дека не може да дозволи овој регион да остане долго време надвор од ЕУ.

Конференцијата „Италија-Западен Балкан“ се одржа во Трст, на североистокот на земјата, во организација на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел да се доближи италијанската политика и деловниот свет до тој регион.

– Како соседна земја, Италија е свесна за виталното значење на овој регион за иднината на цела Европа. Од искуство знаеме дека сè што се случува надвор од Јадранот во моментов влијае на нас, рече Мелони во видео пораката објавена на конференција.

Наведувајќи дека сегашната динамика во светот, како што е руско-украинската војна, ја прави оваа конференција неопходна, Мелони рече: „Европа има голема одговорност кон Балканот. Неопходно е да се потврди чувството на припадност на овој регион кон нашиот свет и нашите вредности. Тоа и беше мојата порака на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа на 6 декември во Тирана“.

Таа подвлече дека не можат да се задоволат само со економски мерки за регионот. – Итно е ЕУ да постави нова визија за овој регион и да го вклучи проширувањето кон Западен Балкан меѓу своите приоритети. Не можеме да дозволиме овој стратешка дел од нашиот континент долго време да остане надвор од заедничкиот европски дом, рече таа.

Мелони истакна дека регионот е важен и за сопствената национална безбедност. – Безбедноста и растот на сите народи во Западен Балкан се фундаментални за националните интереси на Италија, изјави Мелони.

– Целта на оваа влада е да ја приближи Италија до Балканот. Оваа конференција е организација која повторно ќе го разгори интересот на Италија за регионот. Нашите компании се веќе во регионот и имаат водечка улога, но мора да го обновиме тоа присуство и да инвестираме во стратешките сектори, потенцираше премиерката..

Италијанските медиуми пишуваат дека денешната конференција го покажува значењето што десничарската коалициска влада на премиерката Мелони му го дава на регионот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Шпигел“: Шолц одлучи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина

Следно

Вистинска зима со снег во јануари – на овие места вечерва наместо дожд врне снег, викендов ќе биде идеален за да ги посетите! (ФОТО)

Latest from Blog

Николоски: Соработката со ЕВРОКОНТРОЛ ќе овозможи уште поефикасен воздушен сообраќај

Соработката меѓу Македонија и ЕВРОКОНТРОЛ е на одлично ниво, а во периодот што следи ќе се работи на нејзино дополнително унапредување, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во

Општина Битола: 63 натпреварувачи од шест држави на 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“

Битола повторно беше центар на спортот, младоста и натпреварувачкиот дух со одржувањето на 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“. На годинашниот натпревар учествуваа 63 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Кипар и

Смртоносна дрога со ликот на Доналд Трамп ги загрижи експертите

Холандскиот институт за зависност од дрога и ментално здравје издаде „црвено предупредување“ за корисниците за потенцијално смртоносни таблети екстази коишто потсетуваат на американскиот претседател Доналд Трамп. Институтот „Тримбос“ со седиште во Утрехт

Општина Битола: Граѓани и здруженија му оддадоа почит на војводата Александар Турунџев

Битола денеска одбележа 121 година од погибието на македонскиот револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација, Александар Турунџев. По тој повод, пред неговиот споменик кај „Ат Пазар“, како и на неговиот гроб

(ВИДЕО) ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПЛАНЕТАТА – Хорор во „Големиот Кањон“ во САД, поројни поплави голтаа кампери – има загинати и десетици исчезнати!

Силни поројни дождови викендов го погодија Големиот Кањон во Аризона, при што еден човек загина, а најмалку 14 се водат како исчезнати, објави „Еј-би-си њуз“. Невремето ги поплави камповите и пешачките патеки
Go toTop