Вкупно 200 камиони со помош влегле вчера во Газа преку граничниот премин Рафа

November 29, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Вкупно 200 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа вчера преку египетскиот граничен премин Рафа за време на хуманитарната пауза меѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

Помошта вклучува четири камиони со гориво и други камиони кои носат вода, храна и лекови, изјави за Анадолу, Ваел Абу Мохсен, медиумскиот директор на преминот Рафа.

„Влезот на поголеми количини хуманитарна помош е предвидено да продолжи и во наредните часови“, додаде тој.

Катар доцна во понеделникот објави договор за продолжување на почетната четиридневна хуманитарна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас за дополнителни два дена, според кој ќе се врши понатамошна размена на затвореници и ќе има повеќе можности за доставување помош.

Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади загинаа 15.000 луѓе, од кои 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

Следно

Блинкен попладнево во Скопје

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop