„Израелски хеликоптер пукал кон Израелци на фестивалот при нападот на Хамас на 7. октомври“, објавија израелски весници

November 19, 2023
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Во новиот извештај објавен во саботата, се открива дека израелски воен хеликоптер пукал врз вооружени палестинските напаѓачи, но притоа ранил Израелци кои биле на фестивалот во текот на нападот на Хамас на Израел на 7. октомври, известува Анадолу.

Весникот „Харец“ објави дека израелската безбедносна проценка се базира врз истрагата на полицијата на вооружените лица на Хамас приведени на 7. октомври.

Во веста на Харец се вели дека воен хеликоптер пристигнал на местото на одржување на фестивалот и пукал кон напаѓачите, но притоа ранил и неколку учесници на фестивалот.

Според проценката, напаѓачите немале претходни информации за фестивалот кој се одржа во близина на Кибуц Реим, недалеку од границата со Газа.

Израелскиот весник „Едиот ахронот“ исто така објавија вест за интервенцијата на хеликоптерот на израелските воздухопловни сили во нападот на Хамас на 7. октомври.

Весникот во веста вели дека на израелските сили „им било тешко да ги идентификуваат милитантите на Хамас“, додавајќи дека пилотите на хеликоптерот „користеле артилерија“ кон цивилите на фестивалот.

„Терористите на Хамас добиле инструкции полека да се стопат со толпата и ни под какви било околности да не се поместуваат“, пишува „Едиот ахронот“.

На тој начин, како што се наведува во веста, се обиделе да ги измамат воздухопловните сили да поверуваат дека тие се Израелци.

„Оваа измама некое време функционирала, сѐ додека хеликоптерите Апачи не морале да се ослободат од сите ограничувања. На пилотите им било тешко да разликуваат кои се терористи, а кои Израелци“, се додава во веста.

Весникот пишува дека „кога го сфатиле тоа, некои од нив, одлучиле самостојно, без одобрение од надредените, да користат артилериски гранати против терористите“.

Полицијата процени дека на фестивалот се убиени 364 лица, но не го откри нивниот идентитет.

Детали од истрагата се во спротивност со службениот израелски наратив за нападот на палестинската група за отпор, кој тврдеше дека вооружени припадници на Хамас ги убиле луѓето на фестивалот.

По нападот на Хамас на 7. октомври, Израел започна да спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници, во кои досега животот го загубија над 12.300 Палестинци, од кои 5.000 се даца, а 3.300 се жени

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во израелските напади на опколената палестинска енклава.

Израел ги отфрли сите гласини за прекин на огнот сѐ додека не се ослободат заложниците што ги држи Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Директорот на Градежниот инспекторат за непријавените станови и кола: Анкетниот лист е моја обврска ама грешката е кај секторот за човечки ресурси

Следно

СДСМ: Се грижиме и за ранливите категории граѓани

Latest from Blog

Втора вечер на Евровизија, Србија и Црна Гора не влегоа во финалето

Втората вечер на изборот за Песна на Евровизија го отвори Австралија, а по неа следуваа Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Данска, Чешка Република, Луксембург, Израел, Србија и Финска.

УЖАС ВО БАРСЕЛОНА: Со автомобил влета меѓу навивачите на Еспањол и ги газеше (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшен инцидент се случи пред вечерашното градско дерби меѓу Еспањол и Барселона во Ла Лига кога автомобил влета во толпата домашни навивачи на Еспањол притоа газејќи голем број нив. Автомобил се појави

УНИЦЕФ: Неразбирливо е убиството на повеќе од 45 деца во Газа за два дена

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Кетрин Расел, извршната директорка на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), реагираше на убиството на повеќе од 45 деца во Газа за два дена, нарекувајќи го „несфатливо“, известува

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил истакна дека утре е убав и голем ден за Македонија и за нејзиниот развој и безбедност. Тој објави и фотографија од заедничката вечера европските лидери

Каранфилова Пановска во 24 анализа: Македонија е со блокиран европски пат

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во 24 анализа рече дека СДСМ со сите свои каапцитети стои на располагање за да помогне за одблокирање на процесот на пристапување во Европската Унија.
Go toTop