Израелската војска под присила депортирала пациенти и бегалци од болницата Ал Шифа

November 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската војска под присила го депортираше мнозинството од пациентите во болницата Ал Шифа во Газа, како и сите раселени Палестинци кои се наоѓале во болницата, известува Анадолу.

Директорот за здравство на Газа, Мунир ал Берш, изјави дека од 650 пациенти во болницата останале околу 100-120 лица и дека им е потребна координација со Обединетите нации (ОН) за нивна евакуација.

Берш рече дека контактирале со Меѓународниот одбор на Црвениот крст за да го спречат преместувањето на бебињата од инкубаторите на болницата. Тој наведе дека можат да остават само 5 лекари да им помагаат на пациентите.

Директорот Берш во директен пренос на телевизискиот канал Ел Џазира телефонски рече дека израелските војници цела ноќ преговарале за болницата Ал Шифа да биде испразнета.

Тој рече дека раселените Палестинци во болницата се замолени да излезат пешки и дека биле принудени да го сторат тоа.

Берш зборувајќи дека подрачјето го напуштиле со пациенти на носилки и во инвалидски колички, додаде дека се плашеле од израелските снајперисти, сместени на крововите од зградите покрај патот, дека би можеле да пукаат кон нив.

Берш рече дека пешачеле од болницата кон југот на Газа и додаде дека пациентите и ранетите врискале и барале помош поради болките што ги чувствувале при транспортот.

Истакнувајќи дека ситуацијата во болницата Ал Шифа, во која упаднале израелските војници е многу лоша, Берш наведе дека војниците постојано шетаат низ болницата, а на крововите од зградите се стационирани снајперисти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина

Следно

Османи: Ние ќе го поддржиме секое решение – дали одвоени или заеднички избори, ДУИ е во најкомотна позиција 

Latest from Blog

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop