Целосна посветеност, трудољубивост и пожестока работа побарал Вучиќ на седницата на српската влада за Косово  

January 23, 2023
2 mins read

Српскиот претседател на седницата ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово, како и со „предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија“, се наведува во соопштението на владата на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствуваше на седницата на владата на која според најавите тема на дебата требаше да бидат актуелните разговори за Косово.  

Фото: Архива EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На седницата, која беше затворена за јавноста, според српските медиуми кои се повикуваат на соопштение на владата, Вучиќ побарал целосна посветеност, трудољубивост на министрите и уште пожестока и поинтензивна работа во иднина.   

Инаку, српскиот претседател на владината седница присуствуваше на покана на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. 

Како што се наведува во соопштението, српскиот претседател на седницата ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово, како и со „предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија“. 

 Договорено е претседателот, владата и сите извршни органи да работат „синхронизирано и унифицирано“. 

 Седницата траеше час и половина, а по нејзиното завршување немаше обраќање пред новинарите. 

 Од кабинетот на Вучиќ соопштија дека вечерва во 20 часот, тој ќе ѝ се обрати на јавноста. 

 Состанокот со „западната петорка“ (ЕК, САД, Франција, Германија и Италија) Вучиќ го одржа во петокот на кој, како што претходно јавија српските медиуми, се разговарало за таканаречениот француско-германски план за затворање на отворените прашања со Косово.

Овој состанок, Вучиќ го опиша како еден од најтешките денови за Србија, најави консултации и побара единство.

„Вчера беше еден од најтешките денови за Србија и никогаш не сум скрил од луѓето кога се случуваат вакви работи. Ќе има многу тешкотии и проблеми со кои ќе се соочиме во иднина и затоа ни е потребно единство“,

рече Вучиќ.

По средбата, Вучиќ рече дека „по едно важно прашање“ од планот покажал „загриженост и резерва“. 

 Сепак, тој не прецизираше за што станува збор, наведувајќи дека не може да зборува за тоа бидејќи планот не е јавен. 

Станува збор за предлог на ЕУ поддржан од Германија, Франција и САД, кој беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември 2022 година, а кој, доколку биде прифатен, треба да доведе до нормализација на односите меѓу двете страни.  

Вучиќ синоќа имаше средба со најблиските соработници во седиштето на СНС. Според медиумите, на средбата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ. Според информациите, претседателот Вучиќ реагирал на овие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води земјата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив. 

Еден од лидерите на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, по средбата за ТВ Пинк изјави дека доколку претседателот Вучиќ остане на ставот и поднесе оставка, тоа ќе биде крај на Српската напредна странка и крај на кариерата на СНС на српската политичка сцена. 

 После тоа, смета тој, смета дека следува  „најтемното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ повеќе да не е претседател на Црна Гора

Следно

АНСА: Во повеќе области на Италија е издадено предупредување за екстремни временски услови

Latest from Blog

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот
Go toTop