Дојави за поставени бомби денеска добиле Уставниот суд и скопскиот аеродром, МВР провери и утврди дека се лажни

January 5, 2023
1 min read

Проверките на антитерористичките единици на МВР покажале дека се работи за лажни пријави

Уставниот суд и Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска на своите електронски адреси добиле пораки со заканувачка содржина за поставена бомба во нивните објекти, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сепак, проверките на антитерористичките единици на МВР покажале дека се работи за лажни пријави.

„Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,

соопштија од МВР.

Последниот пат кога беа испратени заканувачки пораки за поставени бомби беше на 30 декември, кога вакви дојави добија девет училишта во Скопје. По проверките на полицијата, се утврди дека тие се лажни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парете се со ниски луѓе за да ја спасиме климата

Следно

Решенија за работа добија 38 работници во „Паркови и зеленило“

Latest from Blog

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop