Парете се со ниски луѓе за да ја спасиме климата

January 5, 2023
1 min read

Авторката Мара Алтман, преку Њујорк Тајмс ни порачува дека „парејќи се со ниски луѓе, потенцијално ја спасуваме планетата така што ги намалуваме потребите на следните генерации“.

„Снижувањето на висината на човештвото е чекор напред кон позелена планета,“ нè охрабрува Мара. 

Од којзнае кои причини, таа тврди дека ниските имаат вродено чувство за зачувување на природата, што е поважно од било кога во овој свет со осум милијарди жители.

Пресметала дека само Американците би биле 10% пониски, би се заштедиле 87 милиони тони храна годишно, билион галони вода, плус енергија плус многу помалку ѓубре.

Освен тоа што за да опстанат им требааат помалку ресурси, пониските се и попрактични за пакување во вселенски летала – во случај да мора да се селиме од планетава.

Таа забележува и дека да се биде корпулентен денес и не значи многу за опстанокот, затоа што ниту се бориме со голи раце ниту сме под закана од диви животни. Во доба на софистицирани оружја и напади со дронови, големината само нè прави лесна мета.

Доброто во теоријата на Мара е што дозволува парењето (иако условено) сепак да продолжи, што е полабаво од теоријата дека ни се неопходни доброволци за умирање. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто државата дозволи во последниве пет години фотографскиот фонд на Браќата Манаки да стане загрозено културно наследство?

Следно

Дојави за поставени бомби денеска добиле Уставниот суд и скопскиот аеродром, МВР провери и утврди дека се лажни

Latest from Blog

Зеленски: Зголемете го притисокот врз Русија

Тој нагласи дека Украина е подготвена да ја поддржи Романија откако руски дрон удри во станбена зграда и повреди две лица во градот Галац. Зеленски на социјалната мрежа „X“ изјави дека руските

Коњановски со порака до Пелистер: Цела Битола е зад вас пред клучниот меч

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска

Коњановски: Да бидеме заедно за Пелистер во најважниот меч

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска

ВЛЕН: Беџети молчеше како министер, денес говори за правосудниот испит на албански

ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот министер за правда Блерим Беџети, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не направил ништо за полагањето на правосудниот испит да биде овозможено и на
Go toTop