Чулев: Обвинувањата на СДСМ за мене само ја покажуваат нервозата за објавениот милионски скандал

January 22, 2023
1 min read

Денешните неточни обвинувања објавени за мене од страна на политичката партија СДС, само уште еднаш ја покажуваат нервозата во нивните редови за милионскиот скандал кој го објавивме вчера и денес, а која говори за милионски договор склучен во име на Министерството за внатрешни работи, со фирма блиска до нив, објави на Фејсбук Наќе Чулев.

Вели дека обвинувањата за негова наводна инволвираност во кумановските настани се груба невистина и манипулација со јавност.

-Доколку тоа навистина е така до сега сигурно ќе бев неколку пати душмански приведен од партиските послушници на Оливер Спасовски во редовите на полицијата и безбедносните служби. Во целокупната моја професионална кариера сум го давал максимумот за одбрана на безбедноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на мојата татковина Македонија. Доколку, сметаат дека денешниот и вчерашниот прес на кој говорев за криминалот направен од страна на Оливер Спасовски се неточни, ги повикувам тоа да го докажат преку судските органи. Јавноста гледа и е свесна дека станува збор само уште еден од низата случаи во кој „се фатени живи“ правејќи милионски зделки на грбот на полицијата и на товар на граѓаните, пишува Чулев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Албанци нападнаа момче само затоа што е Србин, обвини српската Канцеларија за Косово

Следно

Спалети: Имаме голема шанса да го освоиме „Скудетото“

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop