Полицијата на Лос Анџелес интервенираше против ерменски демонстранти кои упаднаа на конференција за Туркије

September 30, 2023
1 min read

ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Полицијата на Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави (САД) интервенираше против ерменските демонстранти кои се обидоа да предизвикаат провокации за време на конференција за Туркије, јавува Анадолу.

Полицијата мораше да интервенира кога ерменска група се обиде вербално и физички да предизвика провокации во зградата каде што се одржува конференција организирана од Институтот „Јунус Емре“ (YEE) и Школата за комуникации и новинарство „Аненберг“.

Конференцијата насловена „Улогата на јавната дипломатија во турската надворешна политика“ се одржа во рамките на Форумот Шеиндлин, а модератор беше д-р Роберт Бенкс од Мастер програмата на „Аненберг“.

На собирот присуствуваа и турскиот амбасадор во Вашингтон, Хасан Мурат Мерџан, генералниот конзул на Азербејџан во Лос Анџелес Рамил Гурбанов, претседателот на Институтот „Јунус Емре“ проф. д-р. Шереф ​​Атеш, програмскиот директор на Центарот Вилсон за Блискиот Исток, Џејмс Џефри, и други говорници.

На самиот почеток на настанот полицијата го отстрани демонстрантот од салата откако ги навредуваше Азербејџан, Туркије и организаторите.

По воведните говори, група од 11 студенти почнаа да протестираат кога на говорницата излезе турскиот амбасадор Мерџан.

Исто така, еден демонстрант му упати навредливи зборови на генералниот конзул на Азербејџан во Лос Анџелес, Рамил Гурбанов.

Десетминутниот протест на групата заврши со интервенција на обезбедувањето на кампусот и полицијата, па групата демонстранти беше отстранета од салата.

Во продолжение на конференцијата, група демонстранти собрани пред зградата се обиде со правење врева да го нарушат одржувањето на научниот собир.

– Судирите во светот –

Турскиот амбасадор Мерџан во своето обраќање на конференцијата истакна дека гледајќи ја географската карта, најмногу судири во светот се случуваат околу Блискиот Исток.

Тој напомена дека е јасно што треба да се направи во овие тешки времиња.

„Затоа државите треба да соработуваат и да развијат нови идеи за решавање на проблемите“, додаде тој.

Мерџан рече дека надворешната политика на Туркије се заснова на принципот на Мустафа Кемал Ататурк „Мир дома, мир во светот“ и нагласи дека Туркије од своето основање пристапува кон сите сегменти на општеството со длабока почит.

Проф. д-р Атеш рече дека постојат многу форми на дипломатија, како што се големите глобални самити на кои присуствуваат светските лидери за да разговараат за итни политички прашања.

По завршувањето на конференцијата, демонстрантите физички и вербално ги нападнаа претседателот на Институтот „Јунус Емре“, Атеш, турскиот аташе за верски прашања во Лос Анџелес, Исмаил Демирезен и директорот на О3 Медија, Санер Ајар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Изложба на досега необјавени фотографии – „Лица на револуцијата“

Следно

Николовски: Проблемот со мечките е комплексен, Собранието да не го блокира и побрзо да го донесе законот за ловство

Latest from Blog

Костовски ја започнува големата градежна офанзива во Љуботен: По 27 години, се реконструираат сите главни улици!

Градоначалникот на општина Бутел и воедно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, информираше за започнување на нова фаза на инфраструктурни работи во населбата Љуботен. „Токму што ја започнавме изградбата на

18 години од загинувањето на Тоше Проески

На годишениот маратон во чест на Тоше учество зедоа 14 учесници Нив ги пречекаа учениците и грагани од Крушево, кои со рози на главната улица во градот, им посакаа добредојде. Во Крушево

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Во несреќата загинаа сите пет лица на подморницата, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), процесот на развој на инженерството на
Go toTop