Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија поради наглиот прилив на мигранти

September 23, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Европската унија (ЕУ) би требало да покаже солидарност со Италија додека оваа земја се бори со зголемениот прилив на мигранти и бегалци на своите јужни брегови, изјави денес високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, пренесува Анадолу.

Во интервју за Радио Франција Интернационал, Борел рече дека Европската унија „мора да ја покаже својата солидарност со Италија во овој тежок момент“.

„Европската унија ќе биде покрај Италија“, додаде Борел.

Борел во петокот, во интервју за британскиот „Гардијан“ предупреди дека ЕУ се бори со продлабочување на поделбата околу политиката за миграции, што потенцијално би можело да ја загрози кохезијата на блокот.

Оваа година во Италија пристигнаа над 127.000 мигранти, што е речиси двојно повеќе од истиот период 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Следно

МВР со детали за пожарот во стан во Скопје: Пронајдено починато 35-годишно лице, имал убоди од остар предмет

Latest from Blog

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop