Во Новаци никна најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот која ќе произведува 85.000 MWh струја доволна за опсслужување 30.000 семејства

September 23, 2023
2 mins read

Во Новаци, на само 50 метри од одлагалиштето на јаловината од Рудникот  Суводол, изградена е најголемата приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – ФЕЦ Новаци која моментално е и најголема на Балканот.  Новата централа, која со работа ќе почне до крајот на месецов, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh што претставува електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства.

Инвеститор на овој значаен енергетски проект за производство на струја и тоа од обновливи извори е домашната компанија „МЕЈ Енерџи“ чија дејност е производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори. Новата ФЕЦ е значајна за земјата и од вкупен економски аспект бидејќи претставува инвестиција вредна 40 милиони евра.

Соларната фарма, која зафаќа површина од 57 хектари, се состои од 101.062 фотоволтаични панели, а поставени се и над 850.000 метри различни видови кабли. Изградбата на централата, за  која административните работи се започнати во 2021 година, а градежните во ноември 2022 година, е завршена за неполна година дена. За проектирање и поставување на централата, ангажирани се консултанатски фирми и стручни лица кои повеќе од 20 години се занимаваат со изградба на централи и нивна оперативност. Изведбата целосно ја извршуваа македонски компании, а опремата е набавена од странство и дел од Македонија, согласно индустриските капацитети на државата.

ФЕЦ Новаци е изградена на целосно приватно земјиште, во соодветена класа за градба, согласно законот за градење на фотоволтаични централи. Една од предностите на локацијата, како што велат од компанијата, покрај поволните временски услови, односно големот број сончеви денови и поволната конекција за поврзување на 110 kV мрежа, е и близината на РЕК Битола. Имено, согласно препораките на ЕУ за трансформација од  производство на енергија од конвенционални централи кон централи од обновливи извори до 2030 година, и за нашиот најголем произведувач на електрична енергија, но од јаглен чии резерви се веќе при крај, постојат планови за трансформација во производител на струја од обновливи извори.

„Во време Зелената револуција, особено во енергетиката, кога преминот кон обновливи извори на енергија е присутен насекаде, во 2018 година ни се роди идеја за изградба на капацитет за проиводство на електрична енергија од она што најмногу го имаме – сонцето како обновлив извор на енергија кој секогаш е присутен. Мотив плус за инвестицијата беше и фактот дека и во нашата земја, не само поради преземените обврски за напуштање на производство на енергија од капацитети кои ја загадуваат природата, расте свеста за потребата од поголема грижа за животната средина. Оттаму и силно се работи на реализација на стратегијата за премин кон производство на енергија од обновливи извори и задоволување на потребите од енергија од сопствени капацитети “, велат од МЕЈ Енерџи.

Новата фотоволтаична централа ќе даде голем придонес кон започнатата транзицијата на Македонија кон чисти извори на енергија и создавање систем кој ќе овозможи економија отпорна на климата, што е влог за иднината. Интензитетот на трансформација на Македонија кон на производство на енергија од обновливи извори придонесе веќе сега да биде реализиано  Зеленото сценарио  што, според  Енергетска стратегија, беше планирано да се реализира до 2040 година и од земја во која домашно производство на струја доминантно се базираше на јаглен, сега сé повеќе стануваме земја со големо производство од обновливи извори.

Меј Енерџи која има производен период од 25 години, електричната енергија  ќе ја продава на слободен пазар, првенствено на домашната економија, а доколку во даден момент домашната економија нема да има потреба од електрична енергија, истата ќе се продава во регионот во зависност од трошоците за пренос.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втор ден гори во тетовско: Пожарот се гасне и од копно и од воздух

Следно

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Latest from Blog

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на
Go toTop