Пендаровски: Ако измените на КЗ значат амнестија за Груевски, зошто досега не се врати во Македонија

September 23, 2023
3 mins read

„Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Досега не се вратил, поради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно“ – вели шефот на државата

Според Пендаровски, измените во КЗ ниту кој било друг закон не се причина за корупција ниту за амнестија. „Лоша примена или непримена, чување предмети по фиоки, барање дупки во законите за да се пролонгира процедурата што е можно подолго, се главните причини зошто ние со години и години не можеме да видиме правосилна извршна судска пресуда за висока корупција“, смета тој

Претседателот Стево Пендаровски вели дека со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Во интервју за „Гласот на Америка“ (ВОА) по говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, Пендаровски беше прашан – дали може да гарантира дека по измените на КЗ, ако Груевски се врати во Македонија, ќе биде изведен пред лицето на правдата?

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ВОА, фото: скриншот ВОА

„Јас тоа како политичар не можам да го гарантирам бидејќи тоа треба да биде активност на правосудните органи, не можам да се мешам во тој дел. Но, ова го тврдам децидно – со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Досега не се вратил, поради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно“,

одговори Пендаровски.

Во делот од интервјуто во кој Пендаровски одговара на повеќе прашања за измените во КЗ, шефот на државата вели дека тие не претставуваат амнестија.

„Не, не се амнестија, на ниеден начин. Ако тоа навистина беше амнестија, еве да логицираме како обични граѓани, Груевски денеска ќе беше во Македонија. Груевски не е во Македонија, Зошто не се врати“,

праша Пендаровски.

На новинарска забелешка дека со измените во КЗ се овозможува порано застарување на кривични дела, Пендаровски вели дека на ова тој спротивставува друг аргумент: „Имаме маса одлуки на судот во Стразбур затоа што македонското правосудство не судело во разумен рок. Вие не може да ги влечкате постапките со децении. И да заборавиме во која инстанца е, колку пати е вратен предметот на повторно судење и на крај да се заборави во очите на јавноста“.

Во тој контекст, Пендаровски праша што е пресудено досега од големите случаи на Специјалното јавно обвинителство кое беше формирано во 2015 година, а чии предмети, по неговото распуштање, ги презедоа редовните обвинителства.

„Мерцедесот за Гордана Јанкуловска?! Тоа не е доволно. Зошто осум години откако се отворија најголемите случаи, досега никој од тие луѓе не отиде во затвор. И сега тие што се критичари на измените на Кривичниот законик велат дека се малку осум години. Колку треба да им дадеме – 28 за да ги завршат постапките?! Знаете дека се криеја предмети по фиоки, знаете дека се судеше со години… Па, ќе ви речат, другиот месец еден од поротниците заминува во пензија, одиме одново. Така што, тоа се јасни махинации на оние што треба да го применуваат законот. Да се вратам на мојата прва теза, измените во КЗ ниту кој било друг закон не се причина за корупција ниту за амнестија. Лоша примена или непримена, чување предмети по фиоки, барање дупки во законите за да се пролонгира процедурата што е можно подолго, се главните причини зошто ние со години и години не можеме да видиме правосилна извршна судска пресуда за висока корупција“,

реше шефот на државата.

Образложувајќи зошто го потпишал указат за прогласување на измените во Кривичниот законик, Пендаровски рече дека тоа го сторил затоа што „самата содржина на измените не ја провоцира корупцијата“.

„Текстот на законот вели дека минимално се намалуваат казните за лежење затвор, значи не се укинуваат, нема амнестија и, второ, се прошируваат основите и се олеснува процедурата за конфискација на имот. И тоа е на линија на она што го имаат неколку европски законодавства, на пример, Германија, за која ќе се согласиме дека не е недемократска држава. Дали понатаму некој може да прави селективна примена на законот, погрешна примена или воопшто да не го применува и овој закон и претходно во обликот во кој беше, тоа е проблем на имплементацијата на законите каква што имаме во Македонија. Јас тврдам дека во Македонија проблемот не само со корупцијата, но и со корупцијата, кој е на недозволено високо ниво, не е поради содржина на законите. Главниот проблем е неспроведувањето на законите или селективната примена на законите или обидите да се најдат дупки во законите преку кои треба да се санкционираат особено случаите на т.н. висока корупција, значи на функционери“,

вели Пендаровски.

Според шефот на државата, 32 години во Македонија немаме успешно завршена процедура, барем во еден предмет, во разумен период, за еден висок функционер, а имаме толку сознанија во медиумите дека тоа што е народен имот или јавни ресурси се крадат години и години наназад. „Или сносат одговорност некои ситни риби кои се најдолу во ланецот на корупцијата“, порачува тој.

За коментарот на американскиот Стејт департмент дека корупцијата може да ги поткопа аспирациите на Северна Македонија, претседателот Пендаровски вели дека „тој (коментарот н.з.) не е во директна корелација со измените на Кривичнио законик, како што некои мислат“.

„Коментарот дојде по измените на Кривичниот законик, на прашање на новинар, и без да се реферираат на конкретните измени, на индиректен начин, кажуваат дека тој проблем (корупцијата н.з.) е голем и втората точа е дека тие сметаат дека напорите кои ние ги вложуваме за да го намалиме обемот на таа висока корупција се недоволни. И по двете точки – дека е голем проблем и дека треба да ги удвоиме напорите, се согласуваме. Обврската е на наша страна и тоа не е само интерес на американските граѓани, туку пред се на македонските граѓани кои сакаат да видат држава со минимална корупција која може да се толерира или е на ниво на некоја просечна членка на ЕУ. За жал, не сме таму“,

рече претседателот Стево Пендаровски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЛАВНАТА СРПСКА ГЛУМИЦА БРАНКА КАТИЌ МЕЃУ ГОСТИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

Следно

Средба Фидан – Блинкен во Њујорк

Latest from Blog

Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција

Пратеничката Марија Петрушевска имаше кратко обраќање на Постојаниот Комитет на ПС на Советот на Европа. -Извештајот и известувачите на ПССЕ кој се однесува на предвремените Парламентарни избори во Бугарија, дава препораки за

Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти
Go toTop