Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, се сретна со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на Канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на државава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласиле дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и на подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество, стои во соопштението.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.