САД доделуваат статус на привремена заштита на уште 14.600 Авганистанци

September 22, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Властите на Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе им доделат статус на привремена заштита на уште 14.600 Авганистанци кои моментно се наоѓаат на територијата на САД, јавува Анадолу.

Американското Министерство за домашна безбедност објави дека привремен заштитен статус ќе им биде доделен на авганистанските мигранти што влегле во земјата помеѓу 15 март 2022 година и 20 септември 2023 година.

Во овој контекст, уште 14.600 Авганистанци ќе можат да го добијат овој статус.

Покрај тоа, статусот на 3.100 авганистански државјани што моментно се под привремена заштита во САД ќе биде продолжен за дополнителни 18 месеци.

„Одделот ќе продолжи да ги поддржува авганистанските граѓани преку оваа привремена хуманитарна помош“, рече секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Вчера Министерството објави и дека уште 472.000 Венецуелци, кои моментно се во САД, ќе добијат статус на привремена заштита.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Следно

Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври

Latest from Blog

Божиновска: Скопската декларација треба да отвори пат за нова генерација инженерки и лидерки

Скопската декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија беше потпишана денеска на Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори на енергија и жените во енергетиката“ во Скопје. Министерката за енергетика,

Општина Битола: „Зимска приказна“ почнува на 21 декември, отворен е повикот за учесници

Општина Битола објави јавен повик за учество во новогодишната манифестација „Зимска приказна“. Преку повикот ќе се избираат културни и туристичко-промотивни настани што ќе ја збогатат празничната програма во градот. Манифестацијата ќе се

Тоневски: Се обновува ракометното игралиште во центарот на Пробиштип

Во тек е реконструкцијата на ракометното игралиште во центарот на Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со проектот е предвидено поставување нова спортска подлога, поставување седишта на трибините и подобрување на осветлувањето, со

Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на Слоу Фуд салонот во Скопје

Оваа сабота, 28 ноември, хотелот Континентал ќе стане место на автентични вкусови, традиционални производи и на љубителите на добрата храна.  Од 11 до 20 часот, таму ќе се одржи петтото издание на

(Видео) ПАДНА РЕКОРДОТ ОД 2014 ГОДИНА – Обилни врнежи го парализираа југот на Франција

Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта го погодија францускиот регион Прованса-Алпи-Азурна Обала, а особено департманите Вар и Приморски Алпи, кои се ставени под портокалово предупредување поради ризик од поплави и
Go toTop