Германија ја пофали дипломатијата на Туркије за обновување на Договорот за црноморското жито

September 5, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, ги пофали вчера дипломатските напори на Туркије за обновување на Договорот за црноморското жито, нарекувајќи ги важни, известува Анадолу.

„Факт е дека (рускиот претседател Владимир) Путин си игра со Договорот за жито. Значајни се напорите на Туркије да го врати Договорот на прав пат“, рече Баербок на конференцијата за новинари организирана со нејзината романска колешка Луминица Одобеску во Берлин.

Баербок истакна дека Русија ја влошува глобалната криза со глад и додаде:

„Русија ги насочува топовите на своите воени бродови на Црно Море кон бродовите за жито и ги бомбардира центрите за транспорт на жито.“

Вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, престојуваше во рускиот приморски град Сочи, каде што се сретна со Путин.

Русија на 17 јули го суспендираше своето учество во Договорот, спроведен со посредство на Туркије и ОН, со кој се обнови транспортот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море, кој беше запрен по војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

Одобеску ги повтори изјавите на Баербок, осудувајќи ги руските напади врз украинската инфраструктура.

„Практично гледаме дека Русија продолжува со напади врз цивилната инфраструктура, не дозволувајќи ѝ на Украина да извезува жито“, истакна романската дипломатка.

Таа ги демантираше новинарските информации дека руски дронови паднале на романска територија во неделата вечер.

„Министерот за одбрана и сите надлежни институции ја следеа ситуацијата на теренот што ја предизвикаа нападите на руските дронови врз инфраструктурата на украинските пристаништа. Нападите на дроновите на Руската Федерација не претставуваат никаква директна воена закана кон нашата национална територија или територијалните води на Романија“, рече Одобеску.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со локален дожд, во јужните делови грмежи

Следно

Тетово домаќин на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените

Latest from Blog

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите, остануваат уште градежните вештачења

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот

Меџити: Старата скопска чаршија ќе биде домаќин на нов меѓународен музички фестивал

Скопје, градот на културата, ова лето ќе добие нова значајна културна манифестација. По иницијатива на Општина Чаир, од 23 до 26 јули за првпат ќе се одржи Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој

Кромберг и Шуберт продолжува успешно да работи – Мицкоски во посета на фабриката во Битола

Разговорот беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија Кромберг и Шуберт денеска беше домаќин на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на
Go toTop