Тензии на Корејскиот Полуостров: Северна Кореја истрела повеќе крстосувачки ракети кон Жолтото Море

September 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Јужна Кореја денес соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети кон Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров, пренесува Анадолу.

Лансирањето се случило околу 4:00 часот по локално време, соопшти Здружениот Генералштаб на Јужна Кореја, кој не даде повеќе детали.

„Нашата војска го зајакна надзорот и будноста на границите и тесно соработува со Соединетите Американски Држави“, објави Генералштабот на Фејсбук.

Ова се случува само неколку дена откако Јужна Кореја и САД ја завршија 11-дневната заедничка воена вежба што Пјонгјанг ја нарече „агресивна воена вежба која претставува сериозна закана“.

За време на воените вежби „Штитот на слободата“ што завршија во четвртокот, војската на САД и Јужна Кореја одржаа заеднички воздухопловни вежби, во кои учествуваше најмалку еден американски стратешки бомбардер Б-1Б над Корејскиот Полуостров, според јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Во средата, Северна Кореја истрела две тактички балистички ракети кон североисток, велејќи дека одржала „вежба за тактички нуклеарен напад“ како одговор на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавниот превоз во Скопје од денеска по зимски возен ред

Следно

Од Клиниката за онкологија и од два стана во Скопје одземени и дадени на вештачење компјутери и документација

Latest from Blog

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

Европската комисија планира до крајот на 2026 година да го објави третиот повик за стратешки проекти за критични минерали, продолжувајќи ги напорите за поддршка на инвестициите и поефикасно издавање дозволи. Според информациите

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум
Go toTop