Европската комисија ја одобри најновата верзија на вакцината против Ковид-19

September 1, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија денес даде зелено светло за најновата верзија на вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БајоНТех, навреме за кампањите за имунизација во есенската и зимската сезона, јавува Анадолу.

Извршното тело на ЕУ објави дека одобрило „преработена вакцина против Ковид-19 Comirnaty XBB.1.5, развиена од БајоНТех/Фајзер“ со цел да им овозможи на земјите членки на ЕУ да се подготват „навреме за нивните кампањи за вакцинација есен/зима”.

„Ковид-19 ќе циркулира паралелно со сезонскиот грип во текот на претстојните есенски и зимски месеци“, предупреди еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

Обновената вакцина „ќе ги има како цел новите и оние варијанти [на вирусот] кои се шират“, нагласи таа, повикувајќи ги сите жители на ЕУ да се вакцинираат.

Вакцината е третата адаптација на вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ која реагира на најновите варијанти на вирусот.

Според препораката на Европската агенција за лекови, возрасните и децата на возраст над пет години треба да примат една доза без оглед на нивната историја на вакцинација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците се враќаат на настава, во оваа учебна година првпат ќе имаат и пролетен распуст

Следно

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ми наликуваат на папагал, што и да ги прашате велат „избори“

Latest from Blog

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите

Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за

Македонија постојано се бори за човековите права на Македонците во Бугарија

Прашањата во контекст на човековите права, а уште потесно во контекст на непочитта на човековите права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија, се прашања што ние ги активираме постојано и
Go toTop