Учебната година почнува утре со низа новини, но и без дел од учебниците

August 31, 2023
4 mins read

Утре започнува новата учебна година и ќе трае до 17 јуни, а основците и средношколците по првпат ќе имаат и пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Учебната години ќе стартува со низа новини, но и со повторно доцнење на дел од учебниците годинава за шестоодделенците

Не можам да имам одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа го завршува максимум како што е во законските рокови, вели министерот Шаќири во одговор на новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците

Различно времетраење на учебната година, воведување пролетен распуст, повисоки плати за сите наставници, нови безбедносни мерки за училиштата, повеќе образовни асистенти, како и нов електронски дневник се дел од новините со кои од утре ќе почне учебната година.

Сите новини денеска на прес-конференција ги најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој исто така повтори и дека учебната година за шестоодделенците ќе почне со помошни материјали за учење, а за тоа што учебниците ќе стигнат на крајот на месецот рече дека не чувствува никаква одговорност.

„Изминатиот период интензивно се подготвувавме со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт и тек на новата учебна година онака како што наложуваат наставните планови, програми и особено новините предвидени со планот за етапно реформирање на основното образование“,

рече Шаќири.

Дел од учебниците ги нема, но низа новини ќе има

Утре започнува новата учебна година и ќе трае до 17 јуни, а основците и средношколците по првпат ќе имаат и пролетен распуст од 29 април до 5 мај. Ова, според министерот Шаќири, е практика која се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

Исто како и пред неколку дена, така и денеска Шаќири повтори дека најголемиот дел од учебниците за основното образование, кои се одборени во изминатиот период, како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и упати апел до раководставата на училиштата да ги доделат на учениците уште првиот училиштен ден.

„Останатиот помал дел, тоа се претежно учебници за шесто одделение, ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а во меѓувреме на располагање ќе бидат помошните материјали кои се изработени од Бирото за развој на образованието. До крајот на септември сите учебници ќе бидат доставени до учениците“,

рече Шаќири.

На новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, Шаќири одговори дека тој како министер ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење, и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите. 

„Не можам да имам одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење на учебник, тоа се завршува максимум како што е во законските рокови“,

додаде Шаќири. 

Во однос на учебниците за средното образование, Шаќири рече дека тука за една година се одобрени 150 учебници, најголем дел од стручното образование, а нивното печатење и достава до учениците ќе биде во тираж за кој ќе се пријавуваат самите училишта, а дотогаш може да се користат во електронска форма.

За спојувањето предмети во шесто одделение и стравот кај дел од наставниците дека ќе немаат доволен фонд на часови, Шаќири рече дека тоа нема да се случи и дека бројот на часови е ист како и претходната година.

„Во шесто одделение, и од старата програма и од претходните учебни години, предметот Природни науки беше спојуван и тука немавме дискусија. Дискусијата, со новата концепција, се отвори по предметот Општествени науки каде има спојување на предметите историја, географија, граѓанско образование. Тоа се однесува само за една година, само за шесто одделение. Поради реакциите кои ги имаше, побарав од Бирото за развој на образованието (БРО) да се изработи техничко решение за годишниот фонд на часови на наставниците по географија, а во тоа не влегуваат само часовите од шесто одделение, туку и од останатите каде се изучува овој предмет и е ист според тоа што го имаа претходната учебна година. Тоа значи дека ќе нема проблем со фондот на часови“,

рече Шаќири.

Шаќири рече дека БРО има упатство како треба да се организираат распоредите и дека некои училишта тоа го завршиле, некои сѐ уште не. Тој повика да се разгледаат наставните програми и предвидените изборни предмети и раководствата на училиштата да не одлучуваат според потребите на наставниот кадар, туку според анкетите на учениците и родителите.

„Отворен сум ако има проблеми за седмо, осмо, каде дискусијата е попроблематична од шесто одделение, да се достави до МОН предлог за можни решенија – дали да се вратиме по старата Кембриџ-концепција или да продолжиме со решенијата од новата концепција“,

додаде Шаќири.

Друга новина што ја најави министерот е замена на постојниот електронски дневник со целосно софтверско решение со кое ќе се елиминираат предизвиците на кои наставниците реагирале во минатото.

„Новиот е-дневник е во фаза на тестирање од повеќе страни, а паралелно се прават и обуки на администрацијата од 40 училишта во кои ќе се пилотира додека не се потврди неговата функционалност“,

рече тој.

Во новата учебна година ќе има и нови безбедносни мерки во училиштата.

„Со МВР ги дефиниравме потребите, па наскоро ќе има насоки за сите училишта“,

додаде Шаќири.

Министерот бара да нема дневна политика помеѓу синдикатите

Според Шаќири, оваа учебна година ќе почне со политиката на зголемување на платите на наставниот кадар.

„Политиката на зголемување на платите на наставниците ќе продолжи како во 2022 и почетокот на 2023 година кога беа зголемени за 18,4 отсто. Како резултат на дискусијата со репрезентативниот синдикат наскоро ќе има ново зголемување на платите и тоа што се добива со општиот колективен договор, но и усогласување со минималната плата“,

додаде тој.

На прашањето околу најавите за штрајк на Независниот синдикат во образованието, Шаќири рече дека денеска треба да има средба со нив и додаде дека ќе им ја пренесе истата информација дека од септември ќе има покачување на платите.

„И на СОНК и на Независниот синдикат им кажав дека не сакам децата, учениците или наставниците да бидат дел од дневната политика што се води помеѓу синдикатите. Нека најдат некој друг, било кој инструмент ако не се задоволни, а јас како министер кажувам дека од 1 септември ќе имаат повисоки плати“,

рече Шаќири.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Британскиот премиер го назначи Грант Шапс за нов секретар за одбрана по оставката на Бен Валас

Следно

ОН: Во војната во Украина загинати се 9.500 цивили

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop