Полска ја обвини Русија за киберагресија за дестабилизација на земјата

August 30, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Висок полски претставник ја обвини Русија за ескалација на кампањата на кибернапади кон голем број веб-страници во Полска, пренесува Анадолу.

„Хакерска група (Noname057), која дејствува во името на руските специјални служби, објавува повеќе информации за напади врз полски веб-страници. Овие активности се пример за употреба на киберагресија за да се влијае врз јавното расположение за време на изборната кампања“, истакна државниот секретар од Кабинетот на премиерот, Станислав Зарин, на платформата Х.

Тој рече дека хакерите наведуваат дека нападите се одговор на политиката на полската Влада и „русофобијата“ на полските власти што полското општество, наводно, ја отфрла.

„Руските служби користат хакери за да пратат порака до Полјаците во која сугерираат дека промената на ‘русофобните’ власти на Полска ќе ги запре нападите“, рече Зарин.

„Цел на Русија е да ја заплаши Полска, да ги дестабилизира државата и општеството и да влијае врз Полјаците за време на изборниот период да ја коригираат политиката на Варшава кон Русија и Украина“, истакна тој.

Полската Агенција за внатрешна безбедност, полицијата и железничките компании овој месец започнаа истрага откако еден викенд беа емитувани радиосигнали за итно сопирање, со што беа запрени и одложени речиси 100 воза во северозападните и североисточните делови на земјата.

Канцеларијата на националното обвинителство соопшти дека за инцидентот се товарат две лица, од кои еден јавен службеник. Ним им се заканува затворска казна до осум години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Османи: Ја добивме 2030 година како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

Следно

Бреидаблик пред полни трибини ќе ја пречека Струга на реваншот во Исланд

Latest from Blog

Торнадо во Бразил: Загинаа пет лица, 130 повредени

Торнадото што помина низ делови од општината Рио Бонито до Игуасу, во бразилската држава Парана, уби најмалку пет лица, а повреди околу 130 лица, објавија денес локалните власти. Локалната метеоролошка служба објави

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции да го истражат случајот, законот за сите е ист – одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Секој којшто ќе биде фатен

Бомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Во потрага по засилување на напаѓачката линија, Милан фрли око на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов ангажман во претстојниот јануарски преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на

За многу години: Го славиме светиот великомаченик Димитриј

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители.

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално
Go toTop