Коалицијата на Ковачевски се тресе: Трајанов вели дека нема да гласа за новата Влада, ако е не се запазени уставните начела

January 20, 2023
1 min read

Во Владите на Димитар Ковачевски имаат нарушен етнички баланс. Етничкиот баланс е нарушен уште од минатата година кога ја состави Владата во јануари, а сега се најавува исто со тоа што се преговара со Алијанса за Албанците, оцени пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов чија партија е дел од коалицијата со СДСМ. Трајанов ова вечерва го кажа на гостување на телевизија Сител во централниот Дневник.

„Во Владата на Ковачевски има нарушен баланс со алтернатива односно кога ја направи владата минатата година. Сега се најавува само продлабочување на застапеноста. Јас немам ништо против ниту сакам поделби по етничка линија но со дополнително влегување и на Алијанса тоа ќе се случи неминовно. Е сега Ковачевски треба да обелодени дали има некои дополнителни комбинаторки со кои тоа нема да се случи“, рече Трајанов.

Според него целосно неприфатливо е нарушување на уставните и рамковни принципи како соодветна незастапеност.

„Ако Ковачевски го подели колачот меѓу 25 проценти тогаш во ред, ако не јас нема да гласам за таква влада“, дециден е Трајанов.
Трајанов укажува дека во ваква ситуација треба да се каже дека ДУИ не ја контролира пратеничката група и дека треба влез на други партии.

„Но, во тој случај треба да се отстапи и дел од колачот министерски, директорски и други места. Ваквиот начин на нерамномерна поделба ќе направи само раздор“, вели Трајанов кој укажува и дека изјавата на лидерот на Алијанса дека се влегува за ЕУ интегрирање не држи.

„Сите сме за интеграција и не е во ред да се условува со влез во Влада“, укажува Трајанов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на Нетфликс поднесе оставка

Следно

ПРОДОЛЖУВААТ ПОТРЕСИТЕ ВО КРИПТО-СВЕТОТ: Genesis поднесе барање за банкрот

Latest from Blog

Вреди се обединува: Програмата и вредностите пред функциите

Обединувањето на политичкиот блок Вреди влегува во клучна фаза, при што фокусот, барем официјално, се става на принципите и програмските определби, наместо на распределбата на лидерските позиции. Од редовите на Алтернатива, партијата

Ковачки: Македонија е лојален и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност

Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел каде изразуваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата. Она што е важно да се спомене е дека Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино

Проданоски најавува: Прилеп повторно во центарот на европските карневали

Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања, најави градоначалникот Дејан Проданоски. Од 20 до 23 февруари, градот ќе го одбележи јубилејот од 25 години организиран прилепски карневал и 100

Коњановски: Испратена техничка и човечка помош за справување со поплавите во Кичево

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош
Go toTop