Само Украина може да ја ослободи Украина, ама за тоа требаат милиони Украинци

August 24, 2023
3 mins read

Во својот текст за германски Велт, Едвард Лутвак, потсетува на Втората светска војна и британското бомбардирање на Германија во 1942, кога само еден британски стратешки бомбардер истура по 6.400 килограми бомби на секое прелетување на Германија. Во првата операција учествуваат 400 бомбардери кои исфрлаат вкупно 2560 тони бомби, што е еднакво на 5.000 денешни руски крстосувачки ракети или 6.000 ирански дронови.

„Ништо вакво не се случи во Киев и не можеше, бидејќи Русија има само мала флота на стратешки бомбардери а сите воени дронови на светот денес не можат да фрлат толку експлозиви колку што РАФ можеше за неколку ноќи.

Па првата голема војна во третиот милениум мора да се бори на тло… Ова е војна која ќе се бори преку чисто трошење на другиот, исто како Првата светска војна на Западниот фронт,“ пишува Лутвак.

Споредувајќи ги „маневарските војни“ што ги водат Ромел, Патон и Рокосовски во Втората светска војна, а подоцна и Ариел Шарон во војните со Арапите од 1967 до 1973, Лутвак објаснува дека сите тие постигнуваат непропорционално големи победи со изненадувачка офанзива. Овој тип на војување зависи исклучиво на „елементот на изненадување“. Една од олеснителните околности во овие војни е што воздушната фотографија не е ни приближно развиена како денес, па иако опремата може да се забележи пред почетокот на операцијата, откако таа ќе тргне драстично се отежнува нејзиното следење, што заради темница и лоши временски услови, што заради слабата оптика.

Заради ова и на Денот Д, најголемиот дел на германските сили се на Кале и го чекаат пристигнувањето на Патон, за подоцна да разберат дека сојузниците се истовариле на 400 километри од таму и го почнале јуришот на Европа. Сличен успех има и истоварувањето на Даглас Мекартур во Инчон каде благодарејќи на елементот на изненадување тој брише серија воени победи на Северна Кореја во претходните месеци. До тогаш, американската армија отворено вежбаше истоварување во Кунсан, на околу 160 километри на југ.

„Ништо од ова не може денес да се повтори. Американците, Русите и другите воени сили имаат сателитски капацитети со кои без разлика на временските услови можат да идентификуваат поединечен тенк, а не па поголеми формации. А радарските информации се обновуваат доволно често за а се спречи движењето на трупите во рок од часови, ако не и минути. Сите други информации собрани преку пресретнување, воздушно и копнено снимање, се само дополна на овие крајно сигурни информации,“ пишува Лутвак.

Сето ова сумирано значи военото поле е транспарентно, оперативните изненадувања се неизводливи а „маневарските војни“, кои се ем брзи ем без големи жртви, се невозможни.

Без разлика колку се криеше, не беше голема тајна дека украинската контраофанзива ќе удри на југот во намера да пробие пат до Црното море. Тоа треба ќе ги отсече руските сили под Дњепар и да го отвори патот кон голема победа по која Путин нема друга опција освен да започне преговори за да ја спаси својата војска.

„Директен напад на Мелитопол ќе значеше многу амбициозна офанзива за пробивање во длабочина од 150 километри. Да пробаа да го нападнат Бердјанск тоа ќе значеше пробивање на 200 километри, но и заробување на уште повеќе руска војска и територија. Или па, уште поамбициозно, можеа да маршираат 240 километри кон Мариупол, движење кое ќе требаше да биде со наполеонска брзина и да се фокусираат на пристигнување до Црното море пред Русите да можат да вратат.

Но ниту една од овие опции не се покажа изводлива. Додека Украинците беа на обука и се распоредуваа, Русите ископаа ровови јужно од Днепар, заштитени од мински полиња, со должина од 1.000 километри, или околу 298 километри повеќе отколку Западниот фронт во Првата светска војна во времето кога е најдолг,“ пишува Лутвак.

Своевремено Наполеон ваквиот тип на војување го нарекува „кордон“ (францускиот збор за дебело јаже), и го прогласува за најглуп начин за бранење на фронтот, бидејќи непријателот може да дојде во колони и да ја пробие одбраната на конкретни точки без да го интересира целата должина на фронтот.

„Меѓутоа транспарентното воено поле сè промени. Русите можат да ги видат Украинците како напредуваат во реално време и да мобилизираат војска во еднакви или поголеми броеви, за да ги пресретне. Па дури и да имаат ист број на војска, тоа нема да биде рамноправна борба, бидејќи Русите ги имаат своите мински полиња и ровови, кои се прилично ефикасна заштита против непријател кој напредува на отворено.

Исто така доста несреќно беше што Украинците на големо ја преценија борбената вредност на огромните 66-тонски Леопард тенкови. Тоа се тенкови од класата на американскиот М1 и израелските Меркава 4. Но ним им недостасува нешто на што можат да се потпрат и М1 и Меркава кога ќе се соочат со Русите: одбранбениот систем Трофеј со радар кој открива противтенковски ракети и мали топови чија работа е да ги уништат истите.

И Германците го добија овој систем но инсистираа сами да го тестираат, што ја одложи испораката во Украина. Без Трофеј, Леопардите станаа лесна мета за Русите и нивните Корнет противтенковски ракети. Иако далеку поедноставни и помалку разновидни, и значително поевтини од американскиот Џавелин, рускиот Корнет е многу ефикасен со својата двојна глава во пробивање на тенковскиот оклоп,“ објаснува Лутвак.

Неговата процена е дека дури и Украинците да го добијат Трофеј, тие и понатаму немаат „лек“ за транспарентно воено поле, „па војната ќе биде сведена на мажи кои пукаат еден на друг се додека има уште војници и уште муниција.“

„Заради сето ова има само еден пат напред: војната да се води сериозно, како што доликува на национална борба за слобода.

Украинската популација, иако опаѓа, се уште е над 30 милиони, па вкупниот број на вооружените сили би можел да биде 3 милиони војници. 10% би било на ниво на мобилизацијата што ја спроведе Израел во 1947/48. Да бидат и само 5%, колку што Финска може да собере на денешен ден, тоа пак ќе биде 1,5 милиони војници. Со таква сила на бројки, Украина ќе може да ги добие своите битки и да ја ослободи својата територија на старомоден начин: војна на трошење, како што се водеа и најголемиот број европски војни за независност,“ порачува Лутвак.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ

Следно

(ВИДЕО) Османи: Договорите со соседите не се во посебните сегменти на Преговарачката рамка со ЕУ, кој има поинакви докази – нека каже

Latest from Blog

На 50 се зголеми бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз болницата „Камал Адван“ во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелските воени авиони врз болницата „Камал Адван“ во Појасот Газа се зголеми на 50, меѓу кои петмина се здравствени работници, известува Анадолу.

Негативен извештај за Судскиот совет – Собранието ќе одлучи за разрешувањето на пет члена на Советот

Собранието изгласа негативен извештај за Судскиот совет. Тоа значи дека членовите на Советот може да бидат разрешени, а за ова Собранието ќе се состане на расправа. Зборувајќи за ова, претседателот на Собранието,

Од денеска уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. -Услугата која и досега беше достапна на

Затворени се 5 приватни научни институти, надзорите продолжуваат, заканите ќе се пријават

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството

Животот на палестинските деца во Газа

СКОПЈЕ (АА) – Палестинците кои ги напуштија своите домови поради бруталните напади на Израел врз Појасот Газа, своето секојдневие во минуваат во шаторската населба поставена во крајбрежната област на Деир Балах, известува
Go toTop