Грција: Шумските пожари сè уште не се ставени под контрола поради силниот ветер

August 24, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Шумските пожари што беснеат од 19 август во различни делови на Грција, особено во регионот на Александрополис и Еврос, сѐ уште не се ставени под контрола поради силните ветрови, јавува Анадолу.

Огнената стихија на планината Парнита, на околу 50 километри северно од главниот град Атина, веќе се приближи до населените места.

Поради неможност за гаснење од воздух во текот на ноќта, пожарот во подрачјето повторно се прошири поради силниот ветер.

Противпожарните екипи продолжуваат со напорите за гаснење на пожарот од воздух, а од жителите на Тракомакедонес во близина на Парнита е побарано да бидат подготвени за евакуација ако биде потребно.

Многу патишта што водат до подрачјето се затворени за сообраќај.

Десетици населени места се евакуирани, а десетици куќи изгореа во пожарите од 19 август во Грција. Во пожарите уништени се 600 илјади хектари шума, земјоделско земјиште и станбени површини.

Метеоролошкиот завод на Грција објави дека облак од чадот од пожарите стигнал до Малта, Сицилија и Јужна Италија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК КОЛЕ МАНЕВ, КОЈ ПРЕД 60 ГОДИНИ ЦРТАЛ СТРИПОВИ ВО „НАШ СВЕТ“

Следно

Маунт ќе пропушти 4 – 6 недели поради повреда

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за
Go toTop