ТАСС: Евгениј Пригожин бил во урнатиот авион

August 23, 2023
1 min read

Федералната агенција за воздушен транспорт ги објави имињата на патниците и членовите на екипажот на авионот „Ембраер” кој се урна во регионот Твер, меѓу нив – Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин, пренесува ТАСС

Претходно и „Греј зона“, канал на Телеграм поврзан со групата „Вагнер“, објави дека Пригожин загинал во уривањето на авионот

Руската новинска агенција ТАСС пренесува информација од „Росавијација“ дека во урнатиот авион „Ембраер“ биле Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин.

„Федералната агенција за воздушен транспорт ги објави имињата на сите патници и членови на екипажот кои се наоѓале во авионот ‘Ембраер’ што се урна во регионот Твер, меѓу нив – Евгениј Пригожин и Дмитри Уткин“,

пренесува ТАСС повикувајќи се на информации од „Росавијација“.

Во авионот, според ТАСС, биле и Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Николај Матјусеев и тројца членови на екипажот – пилотот на авионот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.

Претходно и „Греј зона“, канал на Телеграм поврзан со групата „Вагнер“, објави дека Евгениј Пригожин загинал во уривањето на авионот. Ова е прва информација што доаѓа од кругови блиски до „Вагнер“ со кои Пригожин се прогласува за мртов, но како што нагласува Би-би-си, веродостојноста не може да се потврди.

„Главата на ‘Вагнер’, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија“,

се наведува во објавата.

Во друга објава на „Греј зона“ се наведува дека локални жители слушнале два удара пред несреќата и виделе две линии на траги од чад на небото.

Дмитри Уткин е исто така еден од основачите на „Вагнер“, како и руски разузнавач познат по тоа што има тетоважи со нацистички симболи.

Во авионот што се урна денеска во руската област Твер, северно од Москва имало уште осум лица.

Руските власти соопштија дека веќе отвориле две истраги за падот на авионот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

МВР: Локализирани пожарите во Кривогаштани и Сарај, фрлени над 45 тони вода

Следно

Грција се „премисли” и побара помош од Албанија која ќе испрати 10 возила и 50 пожарникари

Latest from Blog

КИМ КАРДАШИЈАН (ЗА МАЛКУ) ЌЕ СТАНЕШЕ АДВОКАТ. Но, што ќе биде откако падна на испитот

Сонот на Ким Кардашијан за адвокатска кариера останува на чекање. Реалити ѕвездата и бизнисменка откри дека повторно паднала на правосудниот испит, а во видео на „Тик-ток“ се пожали дека гатачите ѝ дале

Ужас на излет: Потона катамаран, преполн со туристи (ВИДЕО)

Околу 55 туристи останаа напуштени на патувањето, по инцидент на крстарење во Доминиканската Република, објави Дејли Меил. Во 12-метарскиот катамаран, наречен „Бока де Јума I“, со кој патувале туристите, одеднаш почна да

Драматична изјава: СЕ ПОИЗВЕСНА Е ВОЈНАТА ПОМЕЃУ ЕВРОПА И РУСИЈА!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, издаде драматично предупредување за време на вечервашното гостување во Националниот дневник на Пинк ТВ. Имено, тој коментираше изјави од Франција дека таа земја, како и цела Европа,
Go toTop