Во Нигер се формираат доброволни милициски сили против потенцијалната интервенција на ЕКОВАС

August 19, 2023
1 min read

ДАКАР (АА) – Во Нигер се организираат доброволни милициски сили составени од цивили како одговор на потенцијалната воена интервенција на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) по државниот удар кон крајот на минатиот месец, јавуваат медиумите, пренесува Анадолу.

Регрутирањето за цивилните милициски сили наречени Волонтери за одбрана на Нигер ќе започне денес во националниот главен град Нијамеј.

Волонтерите заинтересирани за приклучување во милициските сили ќе се соберат на стадионот „Генерал Сејни Кунче“ каде што ќе може да се регистрира секој постар од 18 години.

Слични активности се организираат и долж границите на Нигерија и Бенин.

Милициите ќе ѝ помагаат на војската како за вооружена борба, така и за медицинска нега, логистика, техничка и инженерска поддршка кога ќе биде потребно на воената администрација.

Слична милициска група со исто име постои во Буркина Фасо, која ѝ дава поддршка на армијата во напорите за борба против тероризмот.

За време на состанокот во Гана, началниците на Генералштабот на ЕКОВАС објавија дека е договорен датум за воена интервенција во Нигер.

ЕКОВАС соопшти дека нејзините војници се подготвени да интервенираат веднаш штом ќе бидат дадени наредби, но конкретниот датум на операцијата не е откриен.

Генералот Абдурахаман Тчиани, поранешниот командант на претседателската гарда на Нигер, минатиот месец се прогласи за шеф на преодната влада, откако претседателот Мухамед Базум беше соборен од власт со воен удар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона ќе ангажира двајца Португалци

Следно

Шолц не верува дека Трамп ќе се врати во Белата куќа

Latest from Blog

Општина Битола: Продолжуваат работите на „Козара“, следи целосна реконструкција на повеќе улици

Во Битола денеска се одвиваат интензивни градежни активности на улицата „Козара“, зад Здравствениот дом, каде се врши бонификација на нестабилен терен под коловозот, односно стабилизирање на постелицата пред финалните фази на реконструкцијата.

Расте бројот на жртвите во рударската несреќа во Кина (ВИДЕО)

Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју

Спас во последен момент- прекината е егзекуција на затвореник, не можеле да му ја најдат вената

Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да

Сиљановска: Безбедноста е на највисоко ниво, нема основ за шпионажа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Таа вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата

По бод за Фиорентина и Аталанта!

ФОТО:.facebook.com/atalantabc/ Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“.
Go toTop