Ковачевски: Доста е чмаење 30 години, граѓаните очекуваат одлука за својата европска иднина

August 18, 2023
3 mins read

Ковачевски ги убедуваше пратениците дека уставните измени и членството во ЕУ можат да и донесат само бенефит на државата, дека Преговарачката рамка, односно т.н. француски предлог е напишан во Скопје и дека тој на никој начин не задира во македонскиот идентитет, јазик и култура

Премиерот Димитар Ковачевски, како претстваник на Владата која е предлагач на уставните измени, денеска во своето обраќање пред пратениците повика на единство и обединување околу стратешката цел, членството во Европската Унија со цел, како што рече, подобар живот и стандард на граѓаните. Тој нагласи дека целиот процес се водел низ една отворена, јасна и транспарентна постапка и дека Владата нема што да крие.

Ковачевски ги убедуваше пратениците дека уставните измени и членството во ЕУ можат да и донесат само бенефит на државата, дека Преговарачката рамка, односно т.н. француски предлог е напишан во Скопје и дека тој на никој начин не задира во македонскиот идентитет, јазик и култура.

„Потребен ни е прогрес, развој и интеграција за подобра сегашност и подобра иднина преку обеднувањее и остварување на националните и интересите на сите грашани. Интеграцијата во ЕУ е највисок државен приоритет, од 1991 година до денес ништо не е променето, за мене и за огромното мнозинство граѓани. Влезот во ЕУ беше, е и ќе биде најдобриот интеграциски и политички процес. Тоа е нашиот начин да се промениме на подобро и да бидеме држава со сите стандарди. Држава со сегашност и јасна иднина“,

рече премиерот Ковачевски.

Тој ги отфрло како лажни и невистини тезите дека постои било каков дикатат од било кога.

„Постои само историска и добра можност да направиме нешто добро за државата. Не да стоиме во место и да чекаме повторно, туку да зачекориме кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Ова е наш македонски предлог поддржан од цела ЕУ и од нашиот стартешки парнтнер САД. Овој предлог е за наше добро и наша корист. Ако ја видиме вистината во очи, на македонски јазик се говори и пишува во Брисел, имаме поддршка за идентитетот од најсилните држави во светот. Никој не не асимилира и никој не не нападна. Зад нас стојат најголемите и најсилините“,

нагласи Ковачевски.

Тој ги објасни предложените промени на Уставот укажувајќи дека тие нема да ѝ наштетат на државата и додаде дека нема потреба меѓу граѓаните да се шири хистерија и страв.

„Предлогот нема негативно да се одрази на државните атрибути и на македонската засебност на идентитетот. Уставните измени не загрозуваат ниедно македонско идентитетско прашање и тоа им е целосно јасно на сите во државата. И затоа денес кога ќе ги погледнете улиците на Скопје гледате дека се е мирно и граѓаните очекуваат одлука за својата европска иднина. Почитувањето на човековите права треба да го разбереме како наша предност, а не недостаток“,

рече премиерот.

Да се биде членка на НАТО и утре на ЕУ е добро за регионалната и државната стабилност, посебно во услови на геополитички превирања, додаде тој.

„Ние заради нас самите мора да бидеме европска држава. Знам дека овој пат не е лесен и краток. Евроскпетици секогаш има, но сите претходни примери за нас се искуство и водилка како да се движме напред. ЕУ им овозможиу на новите членки подобар живот на граѓаните. ЕУ е наш најголем економски партнер. Од ЕУ имаме само бенефиции, не губиме ништо. Ние лани конечно по 17 години ги започнавме преговорите со ЕУ, скринингот тече и тоа многу успешно, мора да продолжиме понатаму, да ги отвараме поглавајата, тој процес е суштински кој ќе не промени и трансформира. Тоа е наша одлука и потреба, за тоа одлучуваме во Скопје, не во Брисел и Софија. Билатералните прашања не се пречка. Ново вето од било кој и за било што нема да има. Ако сакаме да ја слушнеме вистината, таа е единствената“,

дециден беше Ковачевски.

Тој ги повика пратениците да гласаат за уставните измени и за европската интеграција на државата, за да не чмаат граѓаните уште 30 години.

„Граѓаните не се иселуваат заради Уставот, тие не стануваат и заспиваат со Уставот туку со едниствената и нормална потреба човечка да живест дома нормално и мирно како нивните врсници во европските градови и села. Нашата историја не е лесна, беше тешка, мачна, со многу жртви и изневерени очекувања, многу корупција, сиромаштија и најмногу од се, многу неправда. Дали сакаме и понатаму да живееема како досега или сакаме да продолжат промените кои даваат солидни резултати, дали сакаме правна држава која уште не ја постигнавме, дали сакаме повеќе ред, повеќе обврски и одговорности од политичарите, дали сакаме младо население, помалку криминалци, дали сакаме конечно да станеме правна држава на еднакви граѓани, која ќе биде за сите една мајка, а не маќеа за некој. Одговорите се да“,

рече претседателот на Владата.

За време на неговот обраќање, голем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, а неговиот говор беше поздравен со аплауз од пратениците на владејачкото мнозинство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мишел Обама би можела да биде идната претседателка на САД

Следно

Белорускиот министер за одбрана: Белорусија доверливо ја штити Русија од евентуален напад на НАТО

Latest from Blog

Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите „бесплатен лет надвор од САД“

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите во земјата „да летаат бесплатно надвор од САД“, известува Анадолу. Во соопштението на Белата куќа

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава

Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години

Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми. Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу. Претседателот
Go toTop