Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се искачи на 53

August 11, 2023
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Во шумските пожари на Хаваи досега животот го изгубија 53 лица, а продолжуваат напорите за потрага и спасување, јавува Анадолу.

Вкупно шест пожари горат на Големиот Остров и Мауи, каде што се случи најголем дел од пустошот од избувнувањето на пожарите во вторникот.

Речиси 1.700 домови и објекти се уништени, а илјадници жители и туристи се евакуирани од опасните зони.

„Џил и јас праќаме најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија своите најблиски во пожарите во Мауи, а нашите молитви се со оние на кои им се уништени домовите, бизнисите и заедниците“, рече претседателот Џо Бајден во изјавата објавена од Белата куќа.

Бајден одобри прогласување катастрофа за да помогне во операциите на надлежните служби.

Американската крајбрежна стража спаси повеќе од десетина луѓе што скокнаа во океанот за да се спасат од пожарите, а Националната гарда на Хаваи беше повикана да им помогне на пожарникарите и останатиот персонал за итни случаи.

„Благодарни сме им на храбрите пожарникари и на првата помош, кои се жртвуваат себеси за да спасат туѓи животи“, рече Бајден.

Силните ветрови со брзина од 96 километри на час од ураганот Дора во Тихиот Океан ги раширија пламените јазици.

„Многу години сме немале ваков случај на толкава загуба на животи“, изјави гувернерот на Хаваи, Џош Грин, за Си-ен-ен.

Две илјади патници останаа заглавени на меѓународниот аеродром во Мауи поради откажувањето на летовите. Официјалните претставници рекоа дека уште 4.000 посетители и жители се засолнети во конгресниот центар на Хаваи во Хонолулу. Властите бараат од туристите и жителите да не се приближуваат до опасните зони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„КАЈМАК“ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВО САРАЕВО, МЕСЕЦОВ АМЕРИКАНСКА ПРЕМИЕРА И УШТЕ 4 ФЕСТИВАЛИ

Следно

МВР: 336 санкции за брзо возење

Latest from Blog

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Дејан Митески прогласи голема победа во Аеродром, со 18.000 гласа. -Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба!
Go toTop