Американската амбасадорка Агелер ги оцени како лажни вести изјавите дека може да се направи репреговарање на договорот за влез на земјава во ЕУ

August 10, 2023
1 min read

Европската унија е кристално јасна за тоа што конкретно се бара од С Македонија за да оди напред во интеграцискиот процес и да стане рамноправна членка на Европската унија, а тоа ќе се оствари единствено со исполнувањето на обврските од договорот кој беше постигнат лани, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер во гостување на ТВ Канал 5

Амбасадорката Агелер ги оцени како лажни вести најавите дека некој ќе може да го репреговара договорот кој беше постигнат помеѓу С Македонија и Бугарија минатата година за вметнување на Бугарите во Уставот. Според неа, невозможно е и да се направи подобар договор кој сè уште не сме го откриле, па затоа и повика сите политички чинители, наместо да бидат заглавени во историски прашања и контексти, да работат за интересите на граѓаните и да ја придвижат С Македонија кон Европската унија, бидејќи тоа е местото каде што постојат можностите за подобро образование, социјала и економски раст.

„Јас се надевам дека политичарите ќе ги направат овие тешки одлуки и дека ќе го препознаат овој клучен момент за земјата. Јас разбирам дека постојат потешкотии, но преговорите помеѓу С Македонија и Бугарија се од билатерален карактер и мораат да бидат”,

рече Агелер во гостување на Канал 5 ТВ.

Прашана за мислење за најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за уставните измени, Агелер вели дека таа не може да одговори наместо лидерот на партијата Христијан Мицкоски, но сепак се надева дека сите политички чинители ќе го препознаат овој клучен момент за земјата и ќе донесат добри одлуки за граѓаните, а не одлуки кои се базираат на политички или лични аспирации.

„Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. И тоа е државна цел на оваа земја и речиси 80 проценти од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ. Патот напред е многу јасен и повторно се надевам дека лидерите и избраните функционери, кои беа избрани со цел да ја направат вистинската работа за доброто на своите граѓани, да ги направат тие тешки избори сега и да ја придвижат својата земја напред кон поголема стабилност, просперитет и можности“,

кажа Агелер.

Кога станува збор за односите помеѓу С Македонија и Бугарија, таа вели дека се надева дека двете земји ќе работат и ќе гледаат кон иднината, а не во минатото бидејќи двата актуелни премиери на земјите покажале намери дека сакаат да ја видат С Македонија како земја која е интегрирана во европското семејство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари за 20%: Сега е доцна! – „Зошто Меџити, Ибрахими и Зендели не излегоа кога беше време?!“

Следно

Челси договори засилување на средината од теренот

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop