САД ќе и испратат на Украина нов пакет воена помош, тој не вклучува тенкови „Абрамс“

January 20, 2023
1 min read

Oваа нова пратка не вклучува тешки тенкови како „Абрамс“, кои САД сè уште не се подготвени да ги испратат во Киев, со оправдување дека нивното одржување би било тешко за Украина и ќе бара голема логистичка поддршка

САД ќе и испратат на Украина нов пакет воена помош од 2,5 милијарди долари, кој вклучува стотици оклопни возила од различни типови, но не и тешки тенкови „Абрамс“.

Во оваа нова транша ќе има 59 оклопни возила „Бредли“, покрај 50 лесни оклопни возила од овој тип, кои беа најавени дека ќе бидат испратени на 6 јануари и 90 оклопни транспортери „Страјкер“, „кои на Украина ќе и дадат две оклопни бригади“, се вели во соопштението на Пентагон.

Покрај тоа, американската армија ќе и испорача на Украина 53 оклопни возила отпорни на мини (MRAP) и 350 транспортери М998, познатите „Хамви“.

Но, оваа нова пратка не вклучува тешки тенкови како „Абрамс“, кои САД сè уште не се подготвени да ги испратат во Киев, со оправдување дека нивното одржување би било тешко за Украина и ќе бара голема логистичка поддршка.

„Ние не сакаме на нашите украински партнери да им натовариме системи кои не умеат да ги користат; системи кои не умеат да ги поправаат, системи кои не можат да ги надградуваат”. На украинската војска сакаме да и ставиме на располагање опрема која што ефективно ќе може да ја употребат на военото поле“,

изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс, за американска телевизија.

Вашингтон на украинските сили ќе им испрати и резервни проектили за веќе доставените противвоздушни системи НАСАМС и ХИМАРС, 8 противвоздушни системи со краток дострел „Авенгер“ и илјадници парчиња разновидна муниција.

По овој нов пакет, вкупната вредност на американската воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари се зголемува на 26,7 милијарди долари.

Осврнувајќи се на медиумските извештаи дека Берлин нема да ги испрати своите тешки тенкови додека САД не ги испратат тенковите на „Абрамс“, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го критикуваше одложувањето на Берлин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во 2002 г. биле „натпопишани“ 38 илјади лица, открива директорот на Државниот завод за статистика

Следно

Власта најавува интензивирање на дебатите за уставни измени, опозицијата бара предвремени избори

Latest from Blog

ХАОС ВО ТИРАНА: Демонстрантите ја запалија Владата, судирите со полицијата ескалираа, има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници демонстранти од цела Албанија во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инциденти и тензии пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit. Организаторите бараат оставка од

Ван де Вен му се извини на Исак за повредата

фото: LFC Unlocked (X) Фудбалерот на Тотенхем, Мики Ван де Вен му се извини на Александар Исак за повредата што му ја нанесе. Напаѓачот на Ливерпул, кој на натпреварот со Тотенхем минатот викенд

Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за

Ѓорѓиевски: Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори
Go toTop