Франција почна со евакуација на свои и државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

August 2, 2023
2 mins read

Во првиот авион, кој ноќеска слетал во Париз имало 262 лица, мешу кои и десет бебиња. Речиси сите евакуирани синоќа се француски државјани. Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови

Франција почна со евакуација на своите и државјани на други европски земји од Нигер по минатонеделниот воен удар во земјата. Првиот авион со повеќе од 250 лица, како што пренесуваат медиумите, ноќеска меѓу 1 и 2 август слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.  

Првите француски државјани пристигнуваат на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Во авионот имало 262 лица, меѓу кои и 10 бебиња. Речиси сите евакуирани се француски државјани, пренесува регионалниот сервис на РСЕ. 

Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. 

Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови за таа цел. Од околу 1 200 Французи регистрирани во конзулатот во Нигер, 600 од нив сакале да ја напуштат земјата. 

Инаку, Нигер е стратешки партнер на Франција, која моментално има околу 1 500 војници во оваа земја. По Мали и Буркина Фасо, Нигер, кој досега беше сојузник на западните земји, стана третата земја во Сахел каде што се случи државен удар од 2020 година. 

Покрај Франција, евакуација на своите граѓани најавија и Италија и Шпанија. Франција, исто така, понуди да ги евакуира луѓето од другите европски земји. Министерството за надворешни работи во Берлин претходно ги советуваше Германците во Нигер да ја прифатат понудата. 

Париз соопшти дека ги евакуира своите граѓани откако воздушниот простор на Нигер беше затворен, со што луѓето се изложени на ризик да бидат заробени во земјата. 

Западноафриканските земји во неделата упатија седумдневен ултиматум до воената хунта во Нигер за целосно враќање на уставниот поредок, велејќи дека не исклучува употреба на сила доколку е потребно. 

Во Нигер имаше и насилни протести за поддршка на воениот удар во кој офицерите на елитната единица на генералот Омар Тчиани го соборија претседателот Мохамед Базум, минатата среда. 

Париз не ги признава новите власти во Нигер и повика на враќање на уставниот поредок и враќање на демократски избраниот претседател Базум.  

Државниот удар во Нигер беше широко осуден од соседните земји и меѓународните партнери кои одбија да ги признаат новите лидери и побараа демократски избраниот претседател Мохамед Базум да се врати на власт. 

Додека воената хунта во Нигер не покажува знаци на повлекување поради зголемениот меѓународен притисок, многумина стравуваат дека пучот може дополнително да го дестабилизира сиромашниот регион на Западна Африка, погоден од милитантно насилство и пучисти, и каде Русија се обидува да го зголеми своето влијание, пишуваат светските медиуми.  

Илјадници приврзаници на хунтата која го презеде Нигер со државен удар маршираа низ улиците на главниот град Ниамеј во неделата, 30 јули, веејќи руски знамиња, скандирајќи го името на рускиот претседател и осудувајќи ја поранешната колонијална сила Франција.  

Демонстрантите маршираа низ градот до француската амбасада, додека црн чад можеше да се види од целиот град. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ И „ДЕНОВИ НА СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“ СТАНАА НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ, ВЛАДАТА ФОРМИРА ВКУПНО 7 НОВИ ИНСТИТУЦИИ ЗА НЕПОЛНА ГОДИНА

Следно

Полска ја критикуваше Украина поради повикувањето на полскиот амбасадор на разговор

Latest from Blog

Трамп ја враќа Пам Бонди, откако ја смени пред само неколку недели: Се бореше со рак

Веста беше потврдена од бројни американски медиуми и јавни изјави од сојузници на администрацијата. Помалку од два месеци по нејзиното отстранување од функцијата државна обвинителка, американскиот претседател ја назначи Бонди во Советот

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе

Коњановски: Битола се позиционира како регионален економски центар

Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на

Македонската берза со пад од 22 поени, најтргувани акциите на Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.770,34 поени, со дневен пад од 0,23%, односно 22,04 поени,
Go toTop