Полска тврди дека белоруски хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

August 2, 2023
1 min read

Во врска со инцидентот, полскиот министер за одбрана свика состанок на Комитетот за национална безбедност и одбранбени прашања и нареди зголемување на бројот на војници на границата со Белорусија

Министерството за одбрана на Белорусија, пак, ги отфрли тврдењата за нарушување на полскиот воздушен простор од страна на два белоруски хеликоптери, оценувајќи ги наводите на властите во Варшава како измислени

Полското министерство за одбрана соопшти дека два белоруски воени хеликоптери кои изведувале вежби во близина на границата меѓу двете земји вчера во нарушиле воздушниот простор на Полска, јавуваат светските агенции.  

Хеликоптери од типот Ми-8 на белоруското воено воздухопловство (Илустративна фотографија) / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Министерството во соопштението наведува дека претставникот на Белорусија во Варшава ќе биде повикан во министерството за надворешни работи на Полска за да ги објасни околностите на инцидентот, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Од министерството појаснуваат дека хеликоптерите влегле во полскиот воздушен простор на многу мала надморска височина, поради што било тешко да се детектираат. Поради тоа, се наведува, во претходно соопштение на полската армија било кажано дека хеликоптерите не го нарушиле воздушниот простор на земјата-членка на НАТО. 

Во врска со инцидентот, полскиот министер за одбрана свика состанок на Комитетот за национална безбедност и одбранбени прашања и нареди зголемување на бројот на војници на границата. Исто така, полските власти издвоија дополнителни ресурси, меѓу кои и борбени хеликоптери.  

За инцидентот, како што е соопштено од полиските власти информиран е и НАТО.  

Министерството за одбрана на Белорусија, пак, ги отфрли тврдењата за нарушување на полскиот воздушен простор од страна на два белоруски хеликоптери. 

Белоруското министерство на Телеграм објави дека тие се измислени од полското воено-политичко раководство „за да се оправда уште едно зголемување на силите и ресурсите во близина на границата со Белорусија“, пренесува РСЕ, повикувајќи се на новинската агенција АФП. 

 Полска, Литванија и други земји од источното крило на НАТО изразија загриженост за потенцијалната закана од Белорусија, која сега е домаќин на илјадници војници кои припаѓаат на платеничката група „Вагнер“. 

Платениците поврзани со Русија пристигнаа во Белорусија по краткотрајниот бунт на групата во Русија кон крајот на јуни. Припадниците на „Вагнер“, кои одиграа клучна улога во руската инвазија на Украина, почнаа со обука на механизирани единици на белоруската армија минатата недела, објави Министерството за одбрана на 30 јули. 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на 29 јули изјави дека група од „100 вагнерски платеници“ во Белорусија се приближиле до полската граница, нарекувајќи го „чекор кон понатамошен хибриден напад на полска територија“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Македонија слави 120 години Илинден

Следно

„10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ И „ДЕНОВИ НА СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“ СТАНАА НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ, ВЛАДАТА ФОРМИРА ВКУПНО 7 НОВИ ИНСТИТУЦИИ ЗА НЕПОЛНА ГОДИНА

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop