Инвазија на свинска чума во Србија, Хрватска и БиХ

August 1, 2023
2 mins read

Африканската свинска чума им прави големи проблеми на одгледувачите во Србија, Хрватска и БиХ. Евтанизирани се илјадници свињи, а бизнисите трпат големи штети

Претставници на ветеринарните служби на трите земји се состанаа минатата недела за да разговараат за проблемот и се договорија да побараат финансиска помош од Европската комисија и Светската здравствена организација

Фото: архива

Во последните два месеци одгледувачите на свињи во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина беа принудени да убијат илјадници свињи поради појавата на африканска свинска чума (АСЧ), а властите преземаат мерки и издвојуваат средства за поддршка на овој сектор.

Во Србија речиси 18 000 свињи се евтанизирани во фармите каде што е регистрирана АСЧ од почетокот на годинава, објави минатата недела српското Министерство за земјоделство, шумарство и вода. До минатиот петок потврдени се 1 569 случаи на заболени кај домашни свињи во 1 068 стопанства на територијата на 32 општини во 13 региони во Србија. Од почетокот на годината во Србија се потврдени вкупно 337 случаи на АСЧ кај диви свињи.

„Ветеринарната служба, преку ветеринарните организации на терен, ја следи здравствената состојба и врши постојан надзор на АСЧ кај популацијата на домашни и диви свињи на територијата на Србија и презема интензивни мерки за спречување на ширењето на заразната болест“,

се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Доколку ширењето на болеста продолжи со ова темпо и опфати големи фарми, Србија може да остане без ниту една свиња, предупредуваат претставниците на преработувачката индустрија, цитирани од телевизијата „Н1“.

Во Србија во моментов има многу жаришта на болеста, а добро е што таа сè уште не стигнала до големите фарми. Зараза има кај индивидуални мали фарми кои немаат заштитни и превентивни мерки. Но, од новосадската компанија „Индустрија меса Матиевиќ“ оценуваат дека може да се очекува дека болеста ќе ги опфати и големите фарми, а последиците ќе бидат катастрофални.

Во Хрватска 180 фарми потврдиле дека имаат заболени свињи

Свињарите во Хрватска веќе еден месец ги трпат последиците од АСЧ. Од првиот случај на болеста во земјата, регистриран на 26 јуни, досега повеќе од 180 фарми имаат потврдено заболени. Речиси 5 000 свињи се евтаназирани, објавија хрватските медиуми.

Хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ минатиот месец објави дека владата обезбедила помош од 7,5 милиони евра за фармерите чии свињи биле убиени поради АСЧ.

Европската комисија во јули објави дека Хрватска мора да се погрижи свињите од областите заразени со АСЧ да не преминуваат во други земји-членки на ЕУ или трети земји.

Вонредна состојба во БиХ

За еден месец 13 000 свињи се убиени во Босна и Херцеговина поради АСЧ. Болеста прво е регистрирана во јуни во Република Српска, а потоа и во Федерацијата Босна и Херцеговина.

На 10 јули беше прогласена вонредна состојба на територијата на неколку општини во североисточна Босна поради ширење на заразата.

Министерството за земјоделство на Република Српска издвои околу 3,5 милиони конвертибилни марки за обештетување и поддршка на одгледувачите на свињи чии животни беа ликвидирани, објави одделот на својата веб-страница.

Заеднички пристап

Претставниците на ветеринарните служби на Босна, Хрватска и Србија се состанаа минатата недела за да разговараат за проблемот со АСЧ и заедно се договорија да побараат финансиска помош од Европската комисија и Светската здравствена организација за нивните фармери. На средбата експертите посочија дека АСЧ најверојатно ќе се прошири по реката Сава.

„Епидемиолошките студии и изолацијата на вирусот покажаа дека истиот вирус циркулира во целиот регион – од Грција, Бугарија, Србија до Хрватска – така што само со заеднички пристап и сили можеме успешно да дејствуваме“,

потенцира Татјана Карачиќ, директорка на Хрватската ветеринарна служба.

Африканската свинска чума не е опасна за луѓето, но е многу заразна и смртоносна за домашните и дивите свињи. Ширењето на болеста започна во Африка и се прошири во Европа и Азија, при што веќе се заклани стотици милиони свињи што сериозно влијае на економската состојба, не само на одгледувачите, туку и на преработувачите во секторот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Данска во осминафинале на СП, Кина елиминирана

Следно

Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop