Нови сто илјади евра од министерството на Груби за „Арбериа дизајн“ за годишнината од Рамковниот договор

August 1, 2023
3 mins read

Тетовската фирма, која со години добива тендери од државни институции предводени од ДУИ, била единствен понудувач на повикот. „Арбериа дизајн“, меѓу другото, ќе наплати од министерството на Артан Груби околу 5 000 евра за концепт за организирање настан за 22-годишнината од Рамковниот договор, а слична сума е предвидена и за „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“

Само во последните три месеци „Арберија дизајн“ победила на тендери на уште четири државни институции предводени од кадри на ДУИ или блиски до партијата, меѓу кои, Државна лотарија (290 000 евра) и Министерство за надворешни работи (135 000 евра)

„Арбериа дизајн“ во 2022 г. имала приходи од околу 195 000 000 денари или 3 200 000 евра. Од нив, околу 102 000 000 денари односно 1 660 000 евра (52 %) биле чиста нето добивка

„Арбериа дизајн“ продолжува да победува на тендери што ги распишуваат државни институции и компании предводени од кадри на ДУИ.

Најново, тетовската фирма повторно ја доби јавната набавка за организација на годишнината од Рамковниот договор спроведена од Министерството за политички систем предводено од Артан Груби. Станува збор за два договора (дела) од еден ист оглас. Едниот договор предвидува дека „Арбериа дизајн“ може да испорача услуги најмногу до 4 200 000 денари или 70 000 евра, а вториот – услуги до 1 800 000 денари или приближно 30 000 евра.

Првиот договор се однесува главно на обезбедување хотелски, кетеринг и услуги поврзани со опрема за органирање настани. Вториот договор, пак, иако на помала сума, содржи поинтересни ставки, а генерално покрива логистичка и креативна поддршка.

Според понудата која е составен дел од вториот договор, „Арбериа дизајн“ ќе наплати од министерството на Груби околу 5 000 евра за концепт за организирање на настан за 22-годишнината од Рамковниот договор. Слична сума е предвидена и за, како што е наведено во понудата, „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4 000 евра. Една од повисоките поединечни ставки е продукција на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор за што се одвоени околу 6 000 евра.

Дел од понудата на „Арбериа дизајн“ која е составен дел од Договорот со Министерството за политички систем

Предвидено е и печатење промотивен и материјал за обука на млади лидери, мултиетнички фестивал и други настани за периодот август–септември.

Критериум за избор била најниската цена, но „Арбериа дизајн“ немала конкуренција зашто била единствената што се пријавила на повикот.

Без конкуренција и на тендерот на Државна лотарија

Ова не се единствените тазе-договори на „Арбериа дизајн“ со владини институции. Оваа фирма, позната по договори со владини институции со години наназад, се јавува како победник на четири други јавни набавки во последните три месеци. Меѓу нив, на тендер на Комисијата за хартии од вредност, каде претседателка е Нора Алити – поранешна пратеничка на ДУИ, потоа на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Рамковната спогодба на Државна лотарија со „Арбериа дизајн“ е потпишана кон крајот на јуни на износ од 17 700 000 денари или околу 290 илјади евра за период од 12 месеци, а нејзин предмет се „услуги од маркетинг агенција за ребрендинг на корпоративен бренд и рекламна кампања“. Компанија од Тетово повторно била единвена што доставила понуда. Во продолжение, дел од ставките во спогодбата:

МНР на Бујар Османи, пак, склучило договор со оваа фирма за изнајмување техничка опрема за поддршка на настани и за аудио-видео продукција и пренос во живо, за период од една година, на вкупна вредност од 8 260 000 денари или околу 135 000 евра. На повикот се јавиле уште две фирми – „Адора евент солутионс“ од Тетово и „Фонолукс“ од Скопје, а критериумот за избор бил најниска цена.

Во мај, „Арбериа дизајн“ победила на тендер на Универзитетот „Мајка Тереза“ за печатење материјали за потребите на високообразовната установа, а договорот е вреден околу 14 000 евра.

„Арбериа дизајн“ ја организираше и минатогодишната прослава за годишнината од Рамковниот договор за слична вкупна сума како и годинашнава. Фирмата стана позната во јавноста како еден од најголемите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето учебници, свидетелства и друг училиштен материјал, за што добиваше милионски договори во изминатите години.

„Арбериа” ја завршила 2022 г. со 52% добивка од приходите

Неодамна, пред свечено да се означи стартот на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, прво на терен се појави брендирано комбе на „Арбериа дизајн“.

Возилото го регистрираше ТВ Телма, а Владата одбиваше да каже во каква постапка и за колку пари е ангажирана тетеовската фирма.

„Арбериа дизајн“ се појави и во Прилеп за да ја собере бината од свечената церемонија на која се означи поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп–Битола од коридорот 10-д.

Таква јавна набавка никогаш не се појави на Електронскиот систем.

Подоцна, одговор стигна од првиот вицепремиер Артан Груби. На брифинг со новинарите тој тврдеше дека за свеченостите платил изведувачот, во случајот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, иако поканите за следење на настаните стигнаа од Владата, а и на паноата и на таблите на настаните стоеше „Влада на Република Северна Македонија“.

Сега Груби веќе на големо го најавува претстојното одбележување на годишнината од Рамковниот договор, со летна школа и младински фестивал во Скопје.

„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 г. имала приходи од околу 195 000 000 денари или 3 200 000 евра. Од нив, околу 102 000 000 денари односно 1 660 000 евра биле чиста нето добивка. Тоа е 52 отсто од приходите што е исклучително високо ниво на профитабилност.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серхио Рамос пред трансфер во Галатасарај

Следно

Одложено гласањето во унгарскиот Парламент за кандидатурата на Шведска за НАТО

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop