Спејси, како што пренесува Би-би-си, емотивно ја доживеал пресудата на лондонскиот суд. Тој, плачел додека во судот се читале пресудите, по што уследила прегратка на неговиот менаџер и на адвокатскиот тим. Претходно холивудската ѕвезда, која токму денеска полни 64 години, ги отфрли обвинувањата за сексуален напад на четворица мажи, кои опфаќаа седум точки од обвинението. Наводните жртви кои го обвинија актерот за сексуален напад сега, како што пишуваат медиумите, се на возраст од 30 до 40 години, а инцидентите за кои ги изнесоа своите тврдења се случиле помеѓу 2001 и 2013 година
Холивудскиот актер награден со Оскар, Кевин Спејси денеска е прогласен за навин по сите девет точки од обвинението за сексуален напад во судскиот процес што се водеше против него во лондонскиот суд Саутварк краун (South Crown), јавуваат светските медиуми.
Претходно холивудската ѕвезда, која токму денеска полни 64 години, ги отфрли обвинувањата за сексуален напад на четворица мажи, кои опфаќаа седум точки од обвинението.
Спејси, како што пренесува Би-би-си, емотивно ја доживеал пресудата на лондонскиот суд. Тој, плачел додека во судот се читале пресудите, по што уследила прегратка на неговиот менаџер и на адвокатскиот тим.
Актерот пред бројните новинарски екипи по излегувањето од судот рече дека е многу благодарен на поротата што одвоила време внимателно да ги испита сите докази и факти пред да донесе конечна одлука.
Спејси во кратката изјава пред судот им се заблагодари на вработените во судската зграда, обезбедувањето и неговиот адвокатски тим и изјави дека тоа е сè што има да каже. Тој си заминал од пред судот без да острави простор за прашања од новинарите.
Инаку, наводните жртви кои го обвинија актерот за секусален напад сега, како што пишуваат медиумите, се на возраст од 30 до 40 години, а инцидентите за кои ги изнесоа своите тврдења се случиле помеѓу 2001 и 2013 година. Сепак , нивниот идентитет, можеби никогаш нема да се дознае, бидејќи сите четири лица кои го обвинија Спејси имаат право на доживотна анонимност.
Инаку, обвинителите пред поротата, меѓу другото, во текот на постапката навеле дека холивудската ѕвезда ги оставила четворицата тужители во состојба во која се чувстувале „мали, ништожни и безвредни“.
Спејси ги негираше тврдењата дека ја користел својата моќ како актер од А-листата за да принуди луѓето на сексуален однос, велејќи дека се обидел да им помогне на другите. Тој ги опиша наводите против него како „нож во грб“.
За време рочиштата во лондонскиот суд, кои траеја речиси четири недели, адвокатот на одбраната на актерот, Патрик Гибс рече дека на Спејси му „суделе социјалните мрежи“.
Тој рече дека тројца од четворицата тужители лажеле кога ги изнеле обвинувањата против Спејси и тоа го направиле „од причини кои, на крајот, само тие ќе ги знаат“. За четвртиот тужител, адвокатот навел дека бил пијан.
„Не е кривично дело да сакаш секс, дури и ако си познат, и не е кривично дело да имаш секс, дури и ако си познат, и не е кривично дело да имаш секс без обврски. И не е кривично дело да имаш секс со лице од ист пол затоа што е 2023 година, а не 1823 година“,
рекол бранителот на актерот за време на судењето.
Од обвинителството по пресудата соопштиле дека обвинителите кои постапувале во слуачјот ја почитуваат одлуката на поротата да го прогласи Кевин Спејси за невин.
Портпаролот на обвинителството изјави дека нивната функција не е да одлучуваат дали некое лице е виновно за кривично дело, туку да даваат правични, независни и објективни оценки дали обвинението е оправдано. „
„Улогата на поротата е да ги разгледа обвиненијата и ние ја почитуваме одлуката на судот“,
рекол портпаролот.
Извор: 360stepeni.mk