Премиерката на Нов Зеланд ја изненади нацијата, објавувајќи дека ќе поднесе оставка: Немам доволно енергија повеќе   

January 19, 2023
2 mins read

„Јас сум човек. Даваме колку што можеме, колку што можеме, а потоа е време да си одиме. За мене, тоа време е дојдено“, рече таа на состанокот на членовите на нејзината Лабуристичка партија

Иако неодамнешните анкети покажуваат дека коалицијата на десниот центар најверојатно ќе победи на претстојните избори во земјата, Ардерн рече дека тоа не била причината за нејзината оставка: „Не заминувам затоа што верувам дека не можеме да победиме на следните избори, туку затоа што верувам дека можеме и ќе успееме“

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, глобално призната како лице на прогресивната политика, денеска ја изненади земјата објавувајќи дека за неколку недели ќе поднесе оставка од функцијата. 

Премиерката на Нов Зеланд најави дека од функцијата ќе се повлече најдоцна до 7 февруари/Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Четириесет и двегодишната премиерка, која ја водеше земјата низ природни катастрофи, пандемијата на корона вирусот и најтешкиот терористички напад, рече дека веќе нема „доволно енергија“. 

 „Јас сум човек. Даваме колку што можеме, колку што можеме, а потоа е време да си одиме. За мене, тоа време е дојдено“,

рече таа на состанокот на членовите на нејзината Лабуристичка партија, јавуваат агенциите. 

 Ардерн рече дека ќе се повлече најдоцна до 7 февруари, помалку од три години откако извојува убедлива победа на изборите за втор мандат како премиер. 

 Од молскавичното раст на популарноста, која својот врв го достигна во 2020 година, поради што се појави и терминот „Џасиндаманија“ во 2020 година, нејзината влада се бореше да се справи со низа предизвици. Зголемената инфлација, претстојната рецесија и оживувањето на конзервативната опозиција придонесоа за постепен пад на нејзината популарност, наведува агенцијата Франс прес. 

 „Верувам дека водењето земја е најпривилегираната работа што некој може да ја има, но и една од најпредизвикувачките“,

рече Ардерн. 

 „Не можете и не треба да ја работите таа работа освен ако немате многу енергија, плус малку резерва за тие неочекувани предизвици“,

додаде таа. 

Ардерн доби меѓународно признание за нејзиното справување со ситуацијата по масакрот во џамијата во градот Крајстчерч во 2019 година, во кој беа убиени 51 муслимански верник, а 40 други беа ранети. 

 Подоцна истата година, таа беше пофалена за нејзиното одлучувачко лидерство за време на фаталната ерупција на вулканот на Белиот Остров, исто така, познат како Вакаари. 

 Денеска, таа ги наведе активностите на нејзината влада во врска со проектите за достапност на станови, климатските промени и детската сиромаштија како дополнителна гордост. 

 „И го направивме тоа додека одговоривме на некои од најголемите закани за здравјето и економската благосостојба на нашата нација, веројатно од Втората светска војна наваму“,

рече Ардерн. 

 Сепак, популарноста на нејзината влада почна да опаѓа во анкетите во текот на изминатата година. 

 Стресот од работата беше очигледен, бидејќи Ардерн минатиот месец беше фатена како несвесно нарекува опозициски политичар „арогантен кретен“. 

 Новозеландскиот актер и холивудски ветеран Сем Нил изјави дека Ардерн често била мета на „насилници“ на социјалните мрежи. 

 „Таа заслужи многу подобро“,   

изјави актерот, пренесува АФП.

Нов Зеланд ќе го избере својот следен премиер на општите избори на 14 октомври, најави Ардерн, додавајќи дека дотогаш таа ќе продолжи „да служи како претставник на електоратот“. 

 Иако неодамнешните анкети покажуваат дека коалицијата на десниот центар најверојатно ќе победи на изборите, Ардерн рече дека тоа не била причината за нејзината оставка. 

 „Не заминувам затоа што верувам дека не можеме да победиме на следните избори, туку затоа што верувам дека можеме и ќе успееме. Заминувам затоа што со ваква привилегирана работа доаѓа и голема одговорност. Одговорноста да се знае кога сте вистинската личност за водење, а исто така и кога не сте“,

рече таа. 

 Ардерн беше втората жена премиер во светот која стана мајка додека беше на функцијата, по пакистанката Беназир Буто во 1990 година. 

 Таа рече дека со нетрпение очекува да помине повеќе време со нејзината ќерка Нев, која треба да тргне на училиште подоцна оваа година, и конечно да се омажи за нејзиниот партнер Кларк Гејфорд. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Марихуана и канабис пронајдени кај младо момче од Мралино

Следно

ОН бараат поефикасно спроведување на договорот за извоз на жито преку Црното Море

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,
Go toTop