Православните верници го слават Богојавление – Водици, централните манифестации традиционално во Скопје и Охрид 

January 19, 2023
3 mins read

Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден. Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован Кристител во реката Јордан

Положувањето на Чесниот крст во водите на Охридското езеро ќе се одржи во 10 часот на градското пристаниште во Охрид, а во Скопје церемонијата ќе се одржи на мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј ин“ од каде архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан ќе го положи крстот во реката Вардар. Крстот во Вардар, како што е најавено, ќе се обидат да го фатат околу 130 верници

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив.  

Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден. Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован Кристител во реката Јордан.  

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. 

Чесниот крст во водите на рекатата Вардар ќе го положи архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан/Фото: МИА

Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода“, кај хотел „Холидеј ин“. 

Одбележувањето почнува во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата. 

Околу 11:15 часот, како што е најавено, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици“, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар, околу 12 часот. 

Од МПЦ-ОА – Скопска епархија, посочуваат дека Богојавление е голем празник во православната црква. Верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“. 

Илустративна фотографија/Фото: МИА

Од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат. Сите верници, пак, кои ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји. 

Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти. 

Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10 часот од градското пристаниште, но доколку временските услови се непогодни, односно според најавите, ако дува силен ветар, чинот на осветување ќе се врши од бродот „Армада“. 

Градското пристаниште во Охрид, од каде што денеска ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро и ќе биде положен светиот крст, и центарот на градот се празнично украсени. 

Градоначалникот Кирил Пецаков вчера информираше дека се поставени и метални огради за безбедно движење на верниците кај пристаништето. 

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. 

Црвен крст Охрид ќе ја одржи традиционалната крводарителска акција во центарот за култура „Григор Прличев“. 

Празникот Богојавление-Водици се одбележува и во другите епархии на МПЦ-ОА, како и во помесните православни цркви низ светот кои се водат според Јулијанскиот календар. 

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. 

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. 

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 8 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“ во двете насоки. 

Во општина Ѓорче Петров од 8 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, како и ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. 

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче. 

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Џанлука Фереро нов претседател на Јувентус

Следно

Светиот Крст ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро

Latest from Blog

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Фото: Борусија Дортмунд Х Во рамките на осмото коло од германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Келн со гол постигнат во последната минута од натпреварот. Се очекуваше

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше

Левичарката Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Според прелиминарните резултати, независната кандидатка на левичарската партија, Кетрин Коноли, победи на претседателските избори во Ирска со убедлива разлика, освојувајќи 64 проценти од гласовите по преброени две третини од гласачките ливчиња. Нејзиниот

Амазон откри што го сруши интернетот: Ситна грешка со огромни последици

Големиот пад на Amazon Web Services (AWS), кој во понеделникот го парализираше дел од интернетот и предизвика прекин на работата на некои од најпопуларните светски апликации и сервиси, настанал поради наизглед безначајна

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во
Go toTop