Украина почна да ги користи касетните бомби, објавија американски медиуми

July 20, 2023
1 min read

Според Си-ен-ен, ова е дел од контраофанзивата на Украина, а САД сè уште чекаат информации од украинските сили за тоа каков бил ефектот на бојното поле од употребата на ова оружје

Украинската војска почна да ги користи касетните бомби што ѝ ги дадоа САД за борба против руските сили.

Информацијата денеска ја објавија американскиот весник „Вашингтон пост“, кој се повикува на неиуменувани украински претставници, како и „Си-ен-ен“ пренесувајќи тврдења од две официјални лица на САД и уште еден анонимен извор упатен во ова прашање.

Според весникот, касетната муниција Украина ја користи против добро утврдени позиции на руската армија на југоистокот на земјава. Телевизијата, пак, во објавата наведува дека употребата на ова оружје е во рамки на контраофанзицата против Русија и оти САД сè уште чекаат информации од украинските сили за тоа колку било ефикасно користењето на касетните бомби.

Употребата на овој вид оружје е забранета повеќе од 100 години, но САД, Украина и Русија не се потписници на оваа Конвенција.

Русија, според податоците на Обединетите нации (ОН), од почетокот на воената агресија врз Украина во февруари лани, дури 24 пати употребила касетни бомби во населени места.

Одлуката ваква муниција да ѝ се додели и на украинските сили, САД ја објавија на 8 јули, на што дел од сојузниците се противеа.

Оваа муниција претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи.

Кога канистерот ќе ја достигне програмираната височина или локација, тој се отвора и од него излетуваат малите бомби. Тие, пак, зависно од видот, експлодираат при контакт со тлото или пак се темпирани, со одбројување. При експлозијата, секоја мала бомби исфрла огромен број на шрапнели во сите правци. Целта на касетната муниција, вообичаено, е да онеспособи пешадиски единици или тенкови.

*Други поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Агелер: Злоупотребите на Камчев се и предавство на граѓаните на оваа земја

Следно

Се реконструира улица 40, крак на Македонско Косовска Бригада 20.7.2023

Latest from Blog

ВИДЕО: Битола ја пречекува Новата 2026 година со емотивна честитка

Со емотивна новогодишна порака упатена до битолчани, беше испратена честитка по повод почетокот на Новата година. Во пораката, Битола е опишана како град што буди емоции, чува спомени и создава приказни, симбол

Николоски со видеоприказна за најзначајните инфраструктурни проекти во 2025

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку видеоприказна се осврна на најзначајните инфраструктурни проекти реализирани во текот на 2025 година. Во објавата, Николоски истакнува дека зад нас е една исклучително успешна

Божиновска: Новата година носи реформи и јасна визија во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати новогодишна порака до граѓаните, нагласувајќи дека новата година ја започнува со силна лична посветеност за унапредување на енергетскиот систем на државата. Таа

Најмалку 10 загинати во експлозија и пожар во познати швајцарски ски центар

Најмалку 10 лица загинаа, а неколку се повредени во експлозија и пожар што избувнаа во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлизијата се случила околу 1:30 часот во локално

Месечен хороскоп за јануари 2026 година

Бик Овој месец се чувствувате „во вашиот елемент“, благодарение на моќната земјена енергија која прекрасно се хармонизира со вашата суштина. Акцентот е ставен на проширување на вашите хоризонти – буквално и фигуративно.
Go toTop