Ирак се закани дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска доколку продолжи палењето на Куранот

July 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Ирак денес се закани дека ќе ги прекине своите дипломатски односи со Шведска доколку во иднина повторно се случи сквернавење на светата книга на муслиманите, Куранот, јавува Анадолу.

„Ирачката Влада ја информираше шведската Влада преку дипломатски канали дека секое повторување на инцидентот со палење на светиот Куран на шведска територија ќе налага прекинување на дипломатските односи“, објави Кабинетот на премиерот Мохамед Шија Ал Судани на Твитер.

Соопштението е објавено откако демонстрантите во Ирак упаднаа во шведската Амбасада во Багдад и подметнаа пожар утринава како одговор на палењето на копија од Куранот во Шведска.

Акцијата на демонстрантите следбеници на шиитскиот свештеник Муктада ал-Садр се случи откако Салван Момика запали примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред стокхолмската џамија во Шведска минатиот месец, што беше широко осудено во муслиманските земји.

Шведското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз нејзината Амбасада во Багдад, нарекувајќи го „сериозно кршење“ на Виенската конвенција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца загинати при судар на две цистерни во Јемен

Следно

Трето засилување без ниту едно евро: Барса го врати Ориол Ромеу

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop