(ВИДЕО) Лавица шета во предградие на Берлин, граѓаните се предупредени да не ги напуштаат домовите

July 20, 2023
1 min read

Полицијата соопшти дека ја добила пријавата од лица кои го забележале дивото животно во регионот Потсдам во предградието на Берлин. Во моментот кога била забележана, лавицата наводно нападнала дива свиња

Германските власти рано утринава ги предупредија жителите во регионот јужно од Берлин да не ги напуштаат своите домови бидејќи диво животно, за кое се верува дека е лавица, е забележана како се шета во југозападниот дел на германската престолнина.

Германските власти трагаат по животното со хеликоптери, а во во акцијата учествуваат и ветеринарни специјалисти и ловџии

„Ве молиме, избегнувајте да ги напуштате домовите поради избегано диво животно во областа Клајнмахнов, Телтоу и Стансдорф и внесете ги и вашите миленици во домот. Нашите колеги ја проверуваат ситуацијата“,

објави локалната полиција во четвртокот наутро, пренесе Си-ен-ен.

Полицијата соопшти дека ја добила пријавата од лица кои го забележале дивото животно во регионот Потсдам во предградието на Берлин. Во моментот кога била забележана, лавицата наводно нападнала дива свиња.

Германските власти трагаат по животното со хеликоптери, а во во акцијата учествуваат и ветеринарни специјалисти и ловџии. Потрагата е насочена главно во областа Клајнмахнов во јужната периферија на Берлин. Местото има околу 20 000 жители.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Две лица загинаа во вооружен напад во Нов Зеланд

Следно

Нов Зеланд ја победи Норвешка на отворањето на женскиот фудбалски Мундијал

Latest from Blog

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието

Коди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот

Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи.

Над 10.000 граѓани на Мисисипи го тужат Маск: Ѕидовите се тресат, бучавата е неподнослива

Тужбата е поднесена како колективна тужба во име на голем број жители кои велат дека нивниот квалитет на живот значително се влошил од почетокот на работата на енергетските објекти дизајнирани да го

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото
Go toTop