Украина застана да земе здив

July 17, 2023
1 min read

Бројките што ги пренесува Њујорк тајмс се од високи американски и европски функционери, и во нив се вклучени и сериозни западни оклопни возила (тенкови и борни коли), кои требаа да бидат клучни за украинската победа врз Русите.

По првичните загуби, Украинците успеваат да ја намалат стапката на уништена опрема на 10%, зачувувајќи поголем дел од оружјето за главниот дел од офанзивата.

Драстичното намалување на загубите делумно се должи на промена на тактиката, која пак се врати на артилериска војна со Русите. Цената што Украинците ја плаќаат за ова е успорување на контраофанзивата. Заради ова досегашниот биланс од контраофанзивата е ослободување на 8 од предвидените 100 километри, колку што им требаат на Украинците за да стигнат до морето и да ги разделат руските сили.

„Русија имаше многу месеци за да се подготви за контраофанзива, и фронтот е послан со мини, стапици за тенкови и вкопани војници, додека руските извиднички дронови и јуришни хеликоптери летаат со зголемена фреквентност.

Имајќи ги предвид овие утврдувања, експертите објаснуваат дека не е ни изненадување што Украина претрпе толку сериозни загуби на почетокот од операцијата,“ пишува Тајмс.

Паузата во контраофанзивата неодамна ја призна и Зеленски, според кого на Украина и недостасува опрема и муниција што им е ветена од Западот.

Британскиот министер за одбрана ги правда Украинците со објаснување дека бавното напредување „не е катастрофално вон распоредот“, дополнувајќи дека тие прават исто што би направил секој друг што треба да мине преку мински полиња во правец на руските линии.

Проблемите за Украинците се влошија за време на операциите бескрајните полиња во јужна Украина, каде 34-тонски борни коли, Бредли, секојдневно наидуваат на мини. Иако Бредли обезбеди заштита за војниците, неочекувано голем дел од возилата настрада во овие операции. Според Орикс, до сега најмалку 28 Бредлија се напуштени, оштетени или уништени, од кои 15 настрадаа на 8 и 9 јуни кога заробени сред минско поле беа нападнати од руски хеликоптери.

Бројките на Орикс покажуваат дека во јуни Украина има загубено само 24 тенкови, од кои дел нејзини, дел од западната помош, меѓу нив и 10 Леопарди и чистачи на мини.

Тајмс повторува дека и пред почетокот на операцијата, голем број од воените експерти тврделе дека првите 25 километри од контраофанзивата ќе бидат најтешки.

Првиот човек на украинската одбрана, генерал Валериј Залужниј пак е гневен што ниту една нација не сакаше да му испрати Ф16-ки пред почетокот на операцијата, заради што неговите војници се најдиректно изложени на оган од руски хеликоптери и артилерија.

Поранешниот помошник генерален секретар на НАТО и експерт за одбрана во Европскиот совет, Камил Гранд, смета дека е прерано да се заклучи дека контраофанзивата е неуспешна, но смета дека „недостатокот на воздушна супериорност и одбрана која западните авиони би ја обезбедиле за украинскиот напад значи дека ‘стапката на жртви ќе биде повисока отколку во другите конвенционални конфликти.’“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Доволно возасни“ на Горан Столевски вечерва на „Синедејс“

Следно

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДАДЕ ПЕТПАТИ ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА, ВЕЛИ СТИГНАА МНОГУ ПРИЈАВИ, А ИМАЛЕ НАМАЛЕН БУЏЕТ

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски утре на средба со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 10 часот ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, во Владата, информираат од прес службата на владата.

Обвинителството на БиХ побарало од Молдавија податоци за руски кампови во Република Српска

Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на

Загинаа сите 20 членови на екипажот во уривањето на турскиот воен авион

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во

Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство од 1 февруари ќе биде под надлежност на ЦУК

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Али Мухамед, и
Go toTop