На утрешната владина седница Бектеши ќе ги образложи сите документи и судски одлуки за спојување на концесиите за рудникот, најави Тренчевска

July 17, 2023
1 min read

Рудник нема да има затоа што ставот на министрите од СДСМ е ист со ставот на граѓаните од Струмичкиот Регион, рече министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска, која најави дека на утрешната владина седница ќе се преиспита одлуката за спојување на концесиите. Тренчевска очекува Министерството за економија да ги образложи детално сите документи.

„На утрешната седница ќе имаме поопширна информација од страна на министерот за економија и од вработените во Министерството за економија кои работат во правниот сектор каде што се доделуваат концесиите за да ни образложат сè, сите судски одлуки, сите дополнителни документи што ги имаат издадено, и утре ќе ја преиспитуваме одлуката за спојувањето на концесиите“,

рече Тренчевска.

Тренчевска повтори дека нејзината партија стои зад ставот дека е против отворање на рудникот кој концесија добил уште во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски. Министерката одби да ги коментира одлуките на Управниот суд, при што ја нагласи ниската доверба во судството. Таа не верува дека рудниците може да бидат точка на разидување во владината коалиција, затоа што, според неа, оваа влада се грижи за граѓаните и вложува во нив.

Одлуката за спојување на двете концесии за рудникот кај струмичкото село Иловица повторно го врати на маса спорното прашање за кое екологистите и локалното население во струмичкото село водеа неколкугодишни битки со државата. На протестот што се одржа викендов во Струмица, Тренчевска се појави заедно со министерката за животна средина Каја Шукова.

Претходно ИРЛ, повикувајќи се на изјави на тројца министри (Каја Шукова, Оливер Спасовски и Славјанка Петровска), објави дека одлуката за спојување на концесиите дошла како дополнителна точка на владина седница, на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши.

Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“ затоа што Министерството за економија на владина седница презентирало документ кој тврди дека Управниот суд барал од Владата да ги спои концесиите. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм

Следно

„Договорот за црноморското жито е суспендиран“, објави Кремљ

Latest from Blog

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот
Go toTop